Водство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Водач на развој: Јазична исправка, replaced: во предвид → предвид
Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.8
Ред 161:
== Предизвиците на современото водство ==
Денес сè повеќе во Светот се афирмира таканареченото емоционално интелигентно водство. Емоционалните интелигентни водачи се личности што се во состојба да ги контролираат своите емоции, да ги препознаваат емоциите кај другите луѓе и да се снаоѓаат во непознати и проблематични ситуации.
Од концептот на Даниел Голман за емоционалната интелигенција во водството потекнуваат определени водски способности, компетенции и вештини, а секоја од нив е со свој сет атрибути на однесување. Емоционално–интелигентни компетенции на водачите се: интраперсоналната самосвесност, интерперсоналната самосвесност (меѓучовечки вештини и општествена одговорност), управување на односите - инспирација и катализатор на [[промени]].<ref>{{Наведена мрежна страница |url=http://www.globalhr.mk/ |title=архивска копија |accessdate=2021-08-11 |archive-date=2013-06-02 |archive-url=https://web.archive.org/web/20130602150412/http://globalhr.mk/ |url-status=dead }}</ref>
Со други зборови, "''емоционалната самосвест''" претставува способност за препознавање на сопствените емоции и на нивните ефекти, а терминот "''прецизна самопроверка''" значи способност за познавање на сопствените сили и ограничувања, додека самодовербата произлегува од самопочитувањето.
Самоуправување или саморегулирање е способност да се одржуваат под надзор нарушените емоции и импулси (самоконтрола), да се одржува стандард на искреност и на интегритет (доверба), да се презема одговорност за нечија изведба (свесност), да се ракува со промената (приспособливост) и да се согласува со новите идеи и пристапи (иновација).
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Водство