Блага Алексова: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија
Rescuing 0 sources and tagging 2 as dead.) #IABot (v2.0.8
Ред 10:
|занимање = археолог <br>академик
}}
'''Блага Алексова''' ({{роден во|Тетово|}}, {{роден на|24|јануари|1922}} – {{починат во|Скопје}}, {{починал на|12|јули|2007}}) — македонски археолог и академик.<ref name="мак/енц">{{наведена книга|title=Македонска енциклопедија|edition=I|volume=I|isbn=978-608-203-024-1|language=македонски}}</ref> Нарекувана е'' прва дама на македонската археологија''.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4425FA8BFCBBC74E997C6E98A9B4863B|title=Блага Алексова беше упорен трагач по минатото |language=македонски|accessdate=2009-10-19}}{{Мртва_врска|date=August 2021 |bot=InternetArchiveBot |fix-attempted=yes }}</ref>
 
== Животопис ==
 
Алексова е родена на [[20 јануари]] [[1922]] година во [[Тетово]]. Гимназија завршила во [[Скопје]], а дипломирала на [[Институт за историја на уметност и археологија|Групата за историја на уметноста]] на [[Филозофски факултет - Скопје|Филозофскиот факултет]] во [[Скопје]] во [[1950]] година. Докторирала на тема од областа на средновековната археологија на Универзитетот во [[Љубљана]] во [[1958]] година. Работела како кустос во [[Градскиот музеј на Скопје]] од [[1948]] до [[1950]] година и во [[Археолошкиот музеј на Македонија]] ([[1950]] – [[1975]]), каде што го раководела Одделението за средновековна археологија. Од [[1962]] до [[1975]] година била директор на оваа национална институција. Специјализирала во Центарот за византиски студии на [[Харвардскиот универзитет]] во [[Вашингтон]] ([[1971]] и [[1983]]). Од [[1975]] година па сè до пензионирањето во [[1983]] работела во Институтот за историја на уметноста со археологија како професор по средновековна и ранохристијанска археологија. Се занимавала со проучување на средновековните некрополи, накитот и керамичката продукција, како доказ за обичаите, верувањата и културата на [[Словени]]те. Го открила и го протолкувала продорот на раното христијанство во Македонија, преку ископувањата на повеќе ранохристијански центри. Нејзините истражувања биле насочени кон докажување на културолошкиот континуитет меѓу раното христијанство и средновековјето во Македонија. Ја открила најстарата христијанска црква во Македонија ([[Старата епископска базилика во Стоби]]). Вршела ископувања на наоѓалиштата: '''Демир Капија, Баргала, Крупиште, Струмица, Полог, Охрид, Преспа, Дојран, Оризари, Радолишта и Стоби'''. Кораководела со меѓународните истражувачки проекти (југословенско-американски) во [[Баргала]] и во [[Стоби]]. Учествувала на голем број научни собири во [[Македонија]], [[САД]], [[Австрија]], [[Англија]], [[Русија]], [[Романија]], [[Турција]], [[Бугарија]], [[Италија]], [[Хрватска]], [[Србија]], [[Грција]] и во [[Албанија]]. Од [[1997]] година била член на [[МАНУ]].<ref name="мак/енц" /> Починала на [[12 јули]] [[2007]] година во Скопје.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EB12A4B4B696604C87F75441905B09CC|title=ПОСЛЕДЕН ЗБОР Блага Алексова |date=16 јули 2007|language=македонски|accessdate=2009-10-19}}{{Мртва_врска|date=August 2021 |bot=InternetArchiveBot |fix-attempted=yes }}</ref>
 
== Библиографија ==