Експлозив: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Експлозиви и видови: Правописна исправка, replaced: и т.н. → итн.
с →‎Експлозиви во вид на прашина: Правописна исправка, replaced: [[земјин → [[Земјин
Ред 49:
=== Експлозиви во вид на прашина ===
Голем број од хемиските супстанции кои во цврста состојба се незапаливи, добиваат експлозивни својства кога се во облик на прашина. Под прашина се подразбираат многу ситни честички од цврсти материи кои се или намерно произведуваат (брашно, прашина од цинк и алуминиум итн .) или настануваат како нуспродукт (на пр. прашина од брусење, прашина од јаглен во рудниците итн). . Притоа, таквите опрашени супстанци можат да прават смеса со воздух слично на гасните смеси. Имено, ситните честички долго лебдат во воздух пред [[земјинатаЗемјината тежа]] да ги привлече, па колку се честичките поситни толку опасноста од создавање на експлозивна смеса е поголема. На должината на лебдење на честичките влијае и местото на кое тие се наоѓаат. Така на пр. во просторија која е подложна на промаја и големи струења честичките од прашина се задржуваат многу подолго во воздухот, а со самото тоа лесно ќе се создаде услов за експлозивна смеса.
 
Смесата од прашина и воздухот создаваат долна и горна граница на експлозивност. Температурата на палење на ваквите смеси е во интервал од 260 - 600 [[Целзиусови степени]]. Притоа, на температурата на палење влијаат и влажноста на воздухот, но и крупноста на честичките. Во погодни услови многу ситните честички можат сами да се запалат (т.н. пирофорни материи).