Слободна програмска опрема: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Дефинирање на отворениот код: Правописна исправка, replaced: било какво → какво било
с →‎Вовед: Правописна исправка, replaced: Се додека → Сè додека
Ред 5:
Постојат официјални дефиниции за слободен софтвер и софтвер со отворен код (Free Software и open source software).
 
Сепак пред да ги дадеме дефинициите на слободниот софтвер/отворениот код, прво мало објаснување за компјутерскиот софтвер. Програмерите на софтвер креираат компјутерски програми со пишување текст наречен 'изворен код' во специјализиран јазик. Овој изворен код најчесто механички се преведува во формат кој компјутерот може да го изврши. СеСè додека програмата не треба да се смени (да речеме да поддржува нови потреби или да се користи на понов компјутер), на корисниците не им е потребен изворниот код. Сепак, за да може да се смени она што програмата го прави, потребно е поседување на изворниот код и дозвола да се промени изворниот код. Со други зборови, оној кој легално го контролира изворниот код, контролира што програмата може или не може да прави.
 
Корисниците кои го немаат изворниот код, не можат да ја променат програмата за таа да ги задоволува нивните (нови) потреби, ниту да исправат евентуални грешки - багови во програмата. Исто така не можат истата да ја пренесат на друг вид на компјутер.