Меган Фокс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Имиџ: Јазична исправка, replaced: листата на → списокот на
с →‎Ран живот: Правописна исправка, replaced: се додека → сè додека
Ред 22:
'''Меган Денис Фокс''' (родена 16 мај 1986 г.) е американска глумица и модел. Таа ја започна нејзината глумечка кариера во 2001 г., со неколку помали телевизиски и филмски улоги, и имаше редовна улога во телевизиското шоу Хоуп и Фејт ([http://en.wikipedia.org/wiki/Hope_&_Faith Hope & Faith]). Во 2004 г., таа дебитираше со улога во филмот Исповед на тинејџерска кралица на драмата ([http://en.wikipedia.org/wiki/Confessions_of_a_Teenage_Drama_Queen Confessions of a Teenage Drama Queen]). Во 2007 г., ја играше улогата на Микаела Банс, љубовта на ликот којшто го глумеше Шаја Лабаф, во мегапопуларниот филм Трансформери ([http://en.wikipedia.org/wiki/Transformers_(film) Transformers]), со што се проби во светот на славните. Фокс повторно имаше улога во продолжението на филмот Трансформери: Одмазда на паднатиот ([http://en.wikipedia.org/wiki/Transformers:_Revenge_of_the_Fallen Revenge of the Fallen]), во 2009 г. Подоцна во 2009 г. играше главна улога во филмот Телото на Џенифер ([http://en.wikipedia.org/wiki/Jennifer's_Body Jennifer's Body]), под името Џенифер, што беше епоним за филмот. Фокс исто така се смета за една од модерните женски секс симболи, и се има појавено во списанија како што се „''Максим''“, „''Ролинг Стоун''“ и „''ЕфЕјџЕм''“.
== Ран живот ==
Фокс е родена во Оук Риџ, Тенеси, и е ќерка на Глорија Дарлен и Френклин Томас Фокс. Таа тврдеше дека има ирско, француско и американско потекло. Таа беше одгледана строго [http://mk.wikipedia.org/wiki/Религија_во_Белорусија пентекости], но потоа се запиша во католичко училиште каде што учеше 12 години. Нејзините родители се разведија кога таа беше мала. Нејзината мајка потоа се премажи, и Фокс и нејзината сестра беа одгледани од мајка им и нивниот очув Тони Тоначио. Таа имаше изјавено дека со сестра и биле одгледани многу строго и дека не и било дозволено да има дечко, ниту пак да покани пријатели дома. Таа живееше со нејзината мајка сесè додека не заработи доволно пари за сама да се издржува.
 
На свои 5 години, таа започнува со обука за драма и танцување во Кингстон, Тенеси. Таа посетуваше часови по танцување во општинскиот центар таму, и беше вклучена во хорот на Кингстон основното училиште и во пливачката група Кингстон Клиперс („Kingston Clippers“). Таа продолжи со својата обука и по преселувањето во Санкт Петербург, Флорида, на свои 10 години. На 13 години, по освојување на неколку награди на Конвенцијата на американски модели и таленти во 1999 во Хилтон Хеад, Јужна Каролина, започнува да работи како модел. На 17 годишна возраст, таа го завршила школувањето со тестови преку допишување, со цел да се пресели во Лос Анџелес.