Акција (финансии): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Форматна исправка, replaced: стр.1 → стр. 1 (9)
с →‎Својства на приоритетните акции: Правописна исправка, replaced: се додека → сè додека
Ред 47:
Приоритетните акции претставуваат хибридни хартии од вредност, бидејќи тие претставуваат мешавина на својствата на обврзниците и обичните акции. Од една страна, носат дивиденда која зависи од остварената добивка, а од друга страна, нивниот принос е фиксен и не носат управувачко право.<ref name="ReferenceB"/>
Една карактеристика која ги прави приоритетните акции помалку погодни како инструмент за финансирање од [[обврзница|обврзниците]] е тоа што [[камата]]та на обврзниците претставува ставка која се одбива од [[Данок|даночната]] основица, додека тоа не е случај со дивидендата на приоритетните акции. Поради тоа, трошокот на капиталот прибран со емисија на приоритетни акции е поголем во однос на оној прибран преку задолжување.
:''Кумулативност''. Во некои случаи, компаниите издаваат кумулативни приоритетни акции. Кај овие акции, дивидендите што не се исплатени на време се кумулираат сесè додека компанијата не биде во можност да ги исплати. Додека не се исплатат кумулираните дивиденди, фирмата не може да им исплаќа дивиденди на обичните акционери.
:''Партиципативност''. Партиципативните приоритетни акции, покрај фиксниот износ на дивиденда, даваат можност и за партиципација во остатокот од нето-добивката, кој вообичаено им се распределува на обичните акционери. Клаузулата врзана за ваквите акции би гласела на пример : ”… дивидендата изнесува 2% од номиналната вредност, а доколку обичните акции добијат дивиденда повисока од овој износ, на приоритетните акции им следува и разликата до тоа ниво. “
:''Отповикливост''. Компаниите-емитенти на приоритетни акции често го задржуваат правото на отповикување на акциите. Тоа значи дека уште при нивната емисија се дефинира цена по која овие акции би можеле да бидат откупени од страна на емитентот во некој момент од нивното постоење. Оваа цена е обично повисока од номиналната вредност, а правото на отповикување емитентот го користи во оној момент кога ќе смета дека фиксната обврска за дивидендата на приоритетните акции е голем товар, кој може да биде избегнат со користење на други извори на финансирање.