Скопски земјотрес (1963): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 21:
 
== Минати земјотреси и други катастрофи ==
Историјата на Скопје, според разни записи на летописи, е исполнета со пожари, поплави и воени опустошувања. Регионот околу реката [[Вардар]], е зона со висока сеизмичка активност. Во минатото, [[Скопје]] двапати бил целосно разрушен од земјотреси: во [[518]] година, кога бил уништен под тогашното име [[Скупи]], и во [[1555]] година. Старите хроничари не го запишале точниот број на човечки жртви во првиот и вториот земјотрес.
 
=== ЗемјотресПрв скопски земјотрес во 518 г. ===
Во [[518]] г., Скупи бил наполно разурнат од земјотрес. Катастрофата што ја опустошила провинцијата Дарданија, со епицентар во Скупи, ја опишува хроничарот [[Амијанус Марцелинус]]. Тој запишал дека во провинцијата Дарданија:
 
Ред 32:
Тој понатаму тврди дека во земјата се појавила пукнатина долга околу 45 км, а широка 12 стапки. Метрополата Скупи била срушена до темел, но жителите не настрадале, затоа што пред катастрофата побегнале од градот зошто имало непријателска наезда од напаѓачи. Според описот на Марцелинус, преживеаните жители на Скупи подигнале нов град во близината на нивните домови и храмови низводно по текот на Вардар - на местото на денешно Скопје.
 
=== Период помеѓу првиот и вториот земјотрес ===
=== Понатамошен период ===
До нов расцут на Скупи дошло во времето на [[Византија|Византискиот император]] [[Јустинијан I|Јустинијан Први]], којшто според некои записи е роден во селото [[Таор]] коешто е во близина на Скупи. По неговата смрт, [[Словени]]те се населуваат на Балканот, а во [[695]] г. го освоиле и Скупи којшто го преименувале во Скопје. Во овој период, Скопје почнало нагло да се развива и да воспоставува трговски врски со соседните градови.
 
Во [[1081]] г., во Скопје продреле [[Нормани]]те и го опустошиле.
 
[[Срби|Српскиот]] крал [[Стефан Урош II Милутин]], го освоил Скопје заедно со северниот дел на Македонија, а српскиот цар [[Душан Стефан]] во [[1343]] година го претворил Скопје во своја престолнина.
 
При крајот на XIV век, на 19 јануари [[1392]] г., Скопје бил освоен од Отоманската империја по што го сменил името во Ускуб. [[Вук Бранковиќ]], кој извесно време владеел со Скопје, бил принуден да им го предаде на [[Турци]]те.
 
Во [[1413]] г., Скопје бил разорен по наредба на султанот [[Муса]], а во [[1438]] г., по наредба на султанот [[Мурат]], обновениот град бил запален по што изгореле многу луѓе, според пишаното во тогашните летописи.
 
Во [[1555]] г. се случил втор катастрофален земјотрес, што скоро сосема го срушил Скопје.
 
=== Период помеѓу вториот и третиот земјотрес ===
 
Во својата понова историја, Скопје доживува повеќе несреќи.
 
[[Австријци|Австрискиот]] генерал [[Пиколомини]], на 26 октомври [[1687]] г., ја одбележал својата краткотрајна победа над Отоманците со страшен пожар, којшто уништил голем дел од Скопје, за потоа во градот да завладее и чума од која на 9 ноември 1687 г. умрел и самиот Пиколомини.
 
На 16 ноември [[1962]] г., во Скопје се случила поплава од катастрофални размери, којашто уништила многу материјални добра, иако во самиот град поминала без човечки жртви. Буицата на Вардар ги срушила куќите на неколку стотици Скопјани. Оваа поплава е предвесник на последниот трет разорен Скопски земјотрес.
 
==Земјотрес==