Оливие Месијан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Живот и дело: Јазична исправка, replaced: оен затвореник → оен заробеник
с →‎Живот и дело: Правописна исправка, replaced: ветло син → ветлосин
Ред 5:
== Живот и дело ==
Месијан се раѓа во фамилија полна со култура и посветена на уметноста. Неговата мајка уште пред да се роди Оливие напишала циклус на поеми кои Месијан подоцна ги користи за неговата музика. Неговиот татко Пјер, бил професор по англиски јазик и бил многу посветен на делата на [[Шекспир]]. Оливие од него го наследува талентот за јазици. Во [[1919]] целата фамилија се преселува во [[Париз]], каде Оливие се запишува на [[Конзерваториумот во Париз]] на исклучително рана возраст. Како професор по [[композиција]] го добива [[Пол Дика]] и [[Марсел Дипра]] по оргуљи и [[импровизација]]. Месијан тука се запознава и со [[метри]]те на [[старогрчките]] [[стихови]], кои подоцна ќе му станат специјалност, со [[фолклор]]от и со [[христијанските литургии]] кои ќе го "ковертираат кон [[модалната музика]]". Во овој период, Месијан се запознава со новата музика од [[Игор Стравински]], [[Артур Хонегер]], [[Даријус Мијо]], [[Виенската Школа]], но она што вистински ќе го инспирира е музиката на [[Клод Дебиси]]. Во [[1930]] се откажува од Конзерваториумот и станува оргуљист во [[Ла Трините]] во Париз. Ова искуство ќе остави силно влијание врз неговото творештво, кое има религиозна конотација. Во [[1932]] Месијан стапува во брак со виолинистката Клер Делбо, од која во [[1937]] го добива единственото дете Паскал. За нив, ја компонира ''[[Chants de terre et de ciel]]''. Како подарок на Клер по бракот, Оливие пишува ја пишува ''[[Poèmes pour Mi]]'' која е пример за ретката "не-илустративна" нео-класична музика, која станува една од главните музички движења во Париз во тој период. Од друга страна, истата година формира група заедно со [[Андре Жоливе]], [[Даниел-Лезур]] и [[Ив Бодрие]], со кои несомнено разменува мислења и влијанија, како и посетите на [[Едгар Варез]] и [[Вила-Лобос]] во Париз. Во [[1936]] започнува да предава во [[École Normale de Musique]] и [[Schola Cantorum]]. Следната година ја пишува ''[[Fête des belles eaux]]'' за шест [[Мартенови Бранови]] (Ondes Martenot), каде за првпат употребува електронски инструменти.
За време на [[Втората светска војна]] го регрутираат во воениот сервис и во [[1940]] го заробуваат како воен заробеник во [[Герлиц]], каде го компонира ''[[Quatuor pour la fin du temps]]'' и го изведува во воениот камп пред заробеници.
По ослободувањето започнува да предава [[хармонија]] на Конзерваториумот во Париз, каде како студенти ги има Пјер Булез, Серж Ниг и Ивон Лориод, која ќе стане негова нова љубов, по тешкиот период со неговата дотогашна жена која тешко ќе заболи и ќе почине во санаториум. Оваа нова љубов, Месијан ја искажува преку ''[[Visions de l'Amen]]'', ''[[Trois petites liturgies]]'', ''[[Vingt regards sur l'Enfant-Jésus]]'' од [[1944]], ''[[Turangalîla-symphonie]]'' од [[1948]], итн.
''Turangalîla'' е најголемо негово дело напишано дотогаш, за голем [[оркестар]] со соло [[пијано]] (изведено од Лориод) и мартенови бранови, нарачано од [[Кусевицки]] и изведено за првпат од [[Леонард Бернштајн]]. И покрај масовноста на ова дело и комплицираноста при изведбата, ''Turangalîla'' го прославува на меѓународно ниво.
По претставувањето на Виенската Школа на Булез и Ниг, Месијан подготвува дело каде [[додекафонијата]] ја применува врз ритмичките вредности. Ова дело, ''[[Mode de valeurs et d'intensités]]'', го пишува за време на неговите предавања во [[Дармштад]], каде значително ќе влијае врз музичката мисла на Булез и Штокхаузен.
Незадоволувајќи ја својата идеја да компонира илустративна музика, Месијан брзо го напушта серијалниот метод за да се посвети на нови мелодиско-хармонски инвенции. Неговиот интерес во [[орнитологија]]та ќе го искористи во неговата музика. Почнувајќи од ''[[Le merle noir]]'' за флејта и пијано, за првпат ќе ги тестира пеењата на одредени птици при формализирањето на мелодиите, ритамот и хармонијата.

Кулминацијата на користењето на пеењата на птици е во ''[[Chronochromie]]'' од [[1960]] за голем оркестар, каде ги употребува во апстрактен контекст со речиси серијални формулации. По ова дело, се враќа кон воздигнувањето на Господ и компонира инспириран од католичката христијанска религија. Така го создава ''[[Et exspecto resurrectionem mortuorum]]'' од [[1964]] за [[дувачки оркестар]] и [[перкусии]]. Месијан често зборува за бои во звуците. Така на пример [[созвучје]]то на [[а-дур]] со додадена [[секста]] го асоцира на светло синасветлосина боја, бојата на небото. Во истиот контекст создава 3 масивни дела: ''[[La Transfiguration de notre Seigneur Jésus-Christ]]'' од [[1969]] эа 7 инструментални солисти, [[хор]] и голем оркестар, ''[[Des canyons aux étoiles]]'' од [[1974]] эа пијано и оркестар, [[муэичкиот театар]] ''[[Saint François d'Assise]]'' од [[1983]], композицијата за оргуљи ''[[Livre du Saint Sacrement]]'' од [[1984]] и ''[[Eclairs sur l'Au-delà]]'' од [[1992]] за огромен оркестар нарачано од [[Њујоркшата Филхармонија]].
Месијан го има Булез во неговата класа од [[1943]] до [[1947]], со кој одржува и приватни предавања по компоэиција и анализи и каде заедно со другите студенти создава револуционерна атмосфера кој ќе се спротивстави на академската ригидност. Месијан ги нарекувал неговите студенти "les flèches" ("стрелки"), кои ги втурнувал во создавањето на нивен стил.
Во неговата кариера на професор на Конзерваториумот во Париз, како студенти ги има Карлхајнц Штокхаузен, Јанис Ксенакис, [[Тристан Мурај]] и други.