Психо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎За филмот: Правописна исправка, replaced: во Април → во април
с →‎Дејство: Јазична исправка, replaced: трагови → траги
Ред 31:
Норман Бејтс и нуди вечера на Мерион, раскажувајќи и дека живее со својата болна мајка (Норма Бејтс), дека животот и не му е така досаден затоа што ги води работите околу мотелот без оглед што нема многу посетители како порано од причина што сега тука доаѓаат ”само луѓе што згрешиле” бидејќи новиот автопат го заобиколува неговиот мотел. Нагласува и тоа дека големо хоби му е да препарира птици со скапи хемиски средства.
 
Мерион се запишува под лажно име во книгата за гости во мотелот, се сместува во собата број 1, Норман низ пукнатина во ѕидот љубопитно го следи секое нејзино движење. Размислувајќи да се врати во [[Феникс]] и да ги врати украдените 40.000 долари, Мерион влегува во бањата да се истушира. Во тој момент во бањата влегува непозната ”сенка” и со кујнски нож го масакрира телото на Мерион. Набрзо Норман влегува во собата на Мерион, се згрозува од приодот кој го наоѓа и се труди да ги исчисти сите траговитраги. Ја става масакрираната Мерион во багажот од нејзиниот автомобил, а несвесно и украдените 40.000 долари (за кои и воопшто и не знае). Автомобилот го потонува во едно мочуриште во близина.
 
Лила Крејн ([[Вера Мајлс]]) е загрижена за тоа што веќе 4 дена нема трага од сестра ѝ Мерион. Таа оди во дуќанот на Сем Лумис за да праша што се случува со сестра ѝ. Истовремено во дуќанот влегува и Милтон Арбогаст ([[Мартин Балзам]]) приватен детектив, ангажиран од агенцијата за да ја пронајде Мерион и украдените 40.000 долари. Арбогаст доаѓа до мотелот на Норман, го препознава ракописот на Мерион во книгата на гостите, но од Норман добива информации дека Мерион дошла доцна вечерта и дека следниот ден рано си заминала. Арбогаст инсистира на разговор со Норма, но Норман го одбива. Додека Норман ја менува постелнината во собите од мотелот, Арбогаст кришум оди во куќата зад мотелот. Влегувајќи во куќата, непозната ”сенка облечена како жена” со кујнски нож го масакрира телото на Арбогаст. Влегувајќи дома Норман се згрозува од мртвото тело на Арбогаст, ги чисти сите траги и, како и со Мерион сосе возило го потонува во истото мочуриште мртвото тело на Арбогаст.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Психо