Мирко Попов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: поп музи → поп-музи
Ред 6:
 
== Животопис ==
Уште од основно училиште купувал плочи што логично резултирало со првите роденденски [[диџеј]] сетови во раните [[1980-ти]]. Неколкуте авангардни музички револуции во оваа деценија, но и неверојатно високиот квалитет на поп -музиката од тоа време помогнале да развие здрава љубопитност, дивергентен музички вкус и ориентација кон постојан прогрес, што се одразува пресудно во понатамошните одлуки.
 
Првиот професионален диџеј ангажман го добил во [[1992]] година и оттогаш не престанува со настапи. Истата година добива простор во култното скопско музичко радио [[Канал 103 (радио)|Канал 103]], што е еден од клучните моменти во неговиот равој како личност и музичар. Слободното изразување, кое е основна филозофија на оваа радио станица може да направи чуда за човек. Од 2008 до 2010 година бил и главен и одговорен урeдник на Канал 103.