Вудсток (фестивал): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазично подобрување, replaced: дестинација → одредиште, на одредиште → но одредиште
с →‎top: Правописна исправка, replaced: поп музи → поп-музи
Ред 2:
 
'''Саемот на музика и уметност''' (неформално, Вудсток или Фестивалот Вудсток) беше музички фестивал најавен како „Претставување на водолијата: 3 денови мир и музика“.Тој се одржа на сточарската млекарска фарма од 600 ари (2.4 км2, 240 хектари, 0.94 милји2) близу населбата Вајт Лејк во градот Бетел, државата Њујорк, од 15 до 18 август 1969 г. Бетел, во округот Саливан, е 43 милји (69 км.) југозападно од градот Вудсток, Њујорк, во соседниот округ Алстер.
Во текот на, понекогаш дождливиот викенд, триесет и два настапувачи настапија на отворено пред 500 000 посетители на фестивалот. Тој се смета за еден од најголемите и најзначајни мигови во историјата на поп -музиката и е ставен меѓу „50 мигови што ја изменија историјата на Рокенролот“ на групата Ролинг Стоун.
Настанот беше овековечен во успешниот документарен филм од 1970 година Вудсток, албум со музиката од филмот и песната на Џони Мичел, „Вудсток“, што беше во спомен на настанот и стана главен хит за Крозби, Стилз, Неш и Јанг.