Разлика помеѓу преработките на „Дебело црево“

Додаден 1.901 бајт ,  пред 15 години
нема опис на уредувањето
'''Дебелото црево''' ([[Латински јазик|латински]]: ''intestinum crassum'') е дел од [[Систем за варење|системот за варење]] кој се надоврзува на тенкото црево. Долго е околу 1,5 метри, но, за разлика од [[Тенко црево|тенкото]], има поголем дијаметар. Се диференцира на 3 дела:
 
* ''[[Слепо црево'']] (''coecum'') со ''црвовиден израсток'' (''appendix vermiformis'');
* ''[[Колон'']] (''Colon'');
* ''[[Право црево'']] (''Rectum''), со кое и завршува дигестивниот систем.
 
== Дигестија во дебелото црево ==
 
Дигестијата и [[ресорпција]]та на [[храна]]та завршуваат во дебелото црево. Во отсуство на [[ензим]]и во цревниот сок од дебелото црево, активна е [[Цревна микрофлора|цревната микрофлора]] која ги разградува несварените состојки од храната. Како последица се ослободуваат [[гас]]ови ([[јаглерод диоксид]], [[сулфур]], [[водород]], [[метан]], [[азот]] и токсични материи, како [[амонијак скатол]] итн.). Одделни видови на [[Бактерија|бактерии]] учествуваат во [[биосинтеза]]та на [[витамин]]ите [[Витамин К|К]], [[Витамин B12|B<sub>12</sub>]], [[Витамин B2|B<sub>2</sub>]] и [[Витамин B1|B<sub>1</sub>]]). При долготрајна [[терапија]] со [[Антибиотик|антибиотици]], оваа флора може да се уништи, што е негативна последица.
 
Во дебелото црево, од несварените состојки на храната, секретите и цревните [[микроорганизми]] се формира [[фецес]]от. Во него понекогаш можат да се најдат и цревни [[паразит]]и. Тој се отстранува од [[Организам|организмот]] преку [[контракција]]та на [[Мазен мускул|мазните]] и [[Скелетен мускул|напречно-пругавите]] [[мускул]]и со процесот [[дефекација]].
 
[[Категорија:Дигестивен систем]]