Инкретин: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: thumb|350px|right|GLP-1 и DPP-4 инхибитори '''Инкретините''' се група на метаболички хормони кои го стимулираат намалувањето на нивото на глукоза во крвта. Инкретините се ослободуваат после јадење и ја зголемуваат секрецијата на ин...
(нема разлика)

Преработка од 15:38, 31 јули 2021

Инкретините се група на метаболички хормони кои го стимулираат намалувањето на нивото на глукоза во крвта. Инкретините се ослободуваат после јадење и ја зголемуваат секрецијата на инсулин од бета клетките од Лангерхансовите островчиња во панкреасот преку механизам зависен од нивото на глукоза во крвта.

GLP-1 и DPP-4 инхибитори

Некои инкретини (GLP-1) исто така го инхибираат ослободувањето на глукагон од алфа клетките од Лангерхансовите островчиња. Покрај тоа, тие ја намалуваат брзината на апсорпција на нутриенти преку забавување на празнењето на желудникот и на тој начин директно може да влијаат врз внесот на храна. Два главни кандидати кои ги исполнуваат критериумите за инкретини се интестиналните пептиди глукагон-сличен пептид-1 (GLP-1) и гастричен инхибиторен пептид (GIP, исто така познат и како глукоза-зависен инсулинотропен полипептид). Двата GLP-1 и GIP брзо се инактивираат од страна на ензимот дипептидил пептидаза-4 (DPP-4).