Варшавскиот агол: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 13:50, 31 јули 2021

„Варшавскиот агол“ (српски: Варшавски угао) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.

Содржина

Студентката Сташа Зориќ се сеќава на родната куќа во Белград, која била урната заради изградбата на една повеќекатница. Во една прилика, за време на излетот во близината на Врњачка Бања, Сташа го препознава во природата распоредот на собите од родната куќа, а потоа таквите визии ѝ се јавуваат постојано. Исто така, таа се сеќава на сликите со музички сцени, закачени на ѕидовите во нејзиниот дом. Подоцна, за време на одморот во Полска, Сташа ја посетува Варшава и на една улица здогледува куќа која е потполно иста како нејзината, само што распоредот на собите е спротивен. Зачудена од глетката, таа почнува да истражува и дознава дека куќата била реконструирана по сеќавањето на еден човек. Сташа го открива неговото име и оди во варшава со цел да се сретне со него. Таа доаѓа кај куќата малку порано и додека ги разгледува сликите, за првпат успева да го прочита нотниот запис од една слика. Во истиот миг, таа заборава сè, кога пристигнуав човекот, таа се однесува грубо кон него и веднаш се враќа во Белград.[1]

Наводи

  1. Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 44-49.