Лозинка (расказ на М. Павиќ): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 00:55, 31 јули 2021

„Лозинка“расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.

Содржина

Раскажувачот постојано сонува советски војник кој пее една песна во која се споменуваат камшик, прстен и тамбура. Потоа, тој раскажува како таа песна имала пресудно влијание врз неговиот другар Никола Билјар, иако тој никогаш не ја слушнал: Уште од раното детство, Никола имал голема дарба за музика и кога наполнил седум години, родителите ангажирале учител, кој применувал необични методи на настава. Во октомври 1944 година започнале борбите за ослободување на Белград од германската окупација, а тогаш Никола добил тамбура како подарок од татко му. Во тоа време, окупаторската власт била во потрага по група илегалци чија лозинка била „прстен, камшик и тамбура“. Една недела, во станот на Никола дошол неговиот учител по музика, заедно со двајца полициски агенти, кои во неговата соба пронашле прстен, тамбура и камшик. Така, Никола бил уапсен и обесен на брегот на Дунав, а набргу, советските воници ја донесле песната за камшикот, прстенот и тамбурата во Белград, но Никола никогаш не ја слушнал.[1]

Наводи

  1. Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 17-24.