Флавиј Аријан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
сНема опис на уредувањето
Ред 7:
По примерот на [[Ксенофонт]], Флавиј Аријан пишувал философски, историски и воени записи, така што на шега бил наречен ''Xenophon redivivus''.<ref>Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, ''Samom sebi''. Beograd: Dereta, 2004, стр. 22.</ref> Исто така, тој бил под лвијание и на постарите извори (Птолемај, [[Аристобул]] и други). Од зачуваните истории за [[Александар III Македонски|Александар Македонски]], овој негов труд се смета за најрелевантен. Во него е зачувана официјалната традиција за [[Александар III Македонски|Александар]], лишена од фантастичните приказни и анегдоти, како и од морализаторските расудувања што се среќаваат кај другите сочувани извори. Значајно е, исто така и неговото дело „Индиска историја“ (Индике) во кое ја опишува пловидбата на [[Неарх]] од устието на [[Инд]] до [[Персиски Залив|Персискиот Залив]]. Тој е важен извор и за периодот непосредно по смртта на [[Александар III Македонски|Александар]] и за поделбата на власта меѓу дијадосите. Тие настани ги опишал во делото ''„Настаните по Александар“'', кое има десет книги. Овој негов труд бил преработен во третиот век од атинскиот историчар [[Дексипус|Дексип]], а негови изводи се зачувани кај цариградскиот патријарх [[Фотиј I Цариградски|Фотиј I]] ([[9 век]]).<ref name=":1" />
 
Флавиј Аријан му бил ученик на [[Епиктет]] и по неговата смрт објавил неколку дела во кои ги изложил [[Етика|етичките]] погледи на својот учител. Такви се делата: „[[Разговорите Епиктетови]]“ во 12 книги (од кои се сочувани само првите четири), „[[Прирачникот Епиктетов]]“ и „Хомилии“ во 12 книги (кои не се сочувани.<ref>Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, ''Samom sebi''. Beograd: Dereta, 2004, стр. 22.</ref>
 
== Наводи ==