Тарс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
Ред 4:
[[Податотека:Old Town of Tarsus, Mersin.jpg|мини|Стариот дел на Тарсус]]
 
Денешниот Тарс се наоѓа на истото место како и стариот град. По распадот на империјата на [[Александар Македонски]], Тарс влегол во составот на [[Селеукова држава|Селеуковата држава]]. Тој бил напреден град, зашто, какоспоред штозборовите наведувана [[Ксенофонт]], се наоѓал во „голема, прекрасна долина со доволно вода, а полна со секакви дрвја и лозја; а раѓа и мешунки, [[просо]], [[пченица]] и [[јачмен]]“ (Xen. ''Anab''. I 2, 22), а [[Јулиј Цезар]] го опишуваопишал како „Oppidum fere totius Ciliciae nobilissimum fortissimumque“. Во [[Хеленски период|хеленско]]-римскиот период, Тарс бил важен центар на [[Стоицизам|стоичката]] школа и во него работеле неколку философи-стоичари, како: [[Атенодор Кордилион]], [[Атенодор од Канана]], а според некои извори и [[Хризип]] бил од Тарс. Географот [[Страбон]] вака го опишал негувањето на философијата во Тарс: „Тамошните жители ревносно ја негуваат Философијата како и сите други општи науки, така што ги надминуваат не само [[Атина]] и [[Александрија]] туку и секое друго место кое би можело да се спомене и во кое има училиште и философска настава. Но, разликата е само во тоа што оние кои во Тарс се занимаваат со [[наука]] сите се домашни луѓе, а туѓинците не доаѓаат лесно; Таршаните не остануваат таму, туку одат во туѓина заради усовршување и кога ќе го довршат своето [[образование]], често остануваат во туѓина, така што само малкумина се враќаат... Освен тоа, Тарс има многу жители и е моќен, зашто зазема положба на метропола. Од тамошните луѓе, стоичари биле [[Антипатар од Тарс|Антипатар]], Архедем и Нестор, потоа двајца Атенодора, од кои оној со прекарот Кордилион, веќе како стар човек живеел во куќата на [[Марк Катон]] и кај него умрел, а другиот, Сандоновиот син, му бил учител на царот [[Октавијан Август|Август]] и стекнал голем углед, а потоа, веќе остарен, се вратил во татковината и го оборил тогашниот устав според кој, покрај другите, со градот лошо управувал особено Боет, колку лош поет, толку и лош граѓанин, но поради ласкањето на толпата многу моќен... Во таа положба Атенодор го затекнал градот, и тој некое време се трудел со аргументи да го преобрати не само Боет, туку и неговите следбеници; но кога тие никако не се откажувале од нивното самоволие, тој се послужил со слободата која му ја дал царот, па ги истерал осудувајќи ги на прогонство... Тие луѓе, беа, значи, стоичари... Особено [[Стар Рим|Рим]] може да покаже многу научници родени во овој град, зашто тој е полн со Таршани и Александринци. Ете, таков е Тарс“ (XIV 673, 12-675, 25).<ref>Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, ''Samom sebi''. Beograd: Dereta, 2004, стр. 15-17.</ref>
 
Исто така, треба да се истакне дека од Тар спотекнувал и [[Свети Павле|св. Павле]], кој за себе кажува: „Јас сум човек Евреин од Тарс, граѓанин на познатиот град во Киликија“ (''Act''. ''apost''. 21, 39). Поради тоа, Тарс уживал голем углед кај [[Христијани|христијаните]].<ref>Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, ''Samom sebi''. Beograd: Dereta, 2004, стр. 17.</ref>
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тарс