Стоицизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 13:
 
===Хеленско-римски период===
Најистакнат ученик на [[Антипатар од Тарс]] бил [[Панетиј |Панетиј]], кој го наследил Антипатар како схоларх и со него почнува средниот период на стоичката школа. Освен Антипатар, Панетиј ги слушал во [[Пергам]] предавањата на [[Кратет]], а подоцна во [[Атина]] го слушал [[Диоген]]. Притоа, освен списите на стоичката школа, тој ги познавал и другите философски учења, а пресудно влијание во неговиот живот имале престојот во [[Стар Рим|Рим]] и познанството со повеќе влијателни Римјани. Во Рим, заедно со неговиот соработник [[Гај Блосиј]], Панетиј го раширил стоицизмот, а тој уживал голем углед кај римската [[аристократија]] (на пример, [[Цицерон]] го нарекува ''vel princeps eius, sc. Stoicae disciplinae'' и ''gravissimus Stoicorum''). Во последните години од животот, Панетиј се вратил во Атина каде му помагал на Антипатар во наставата, а по неговата смрт станал управник на стоичката школа. Најважното дело на Панетиј било „За она што доликува“ кое Цицерон слободно го преработил во своето дело „[[За должностите (Цицерон)|За должностите]]“. Други поважни дела на Панетиј биле: „За евтимијата“, „За философските правци“, „За промислата“ и „За Сократ и сократовците“. Исто така, тој оставил поголем број ученици и следбеници меѓу кои најпознат е [[Посидониј |Посидониј]] (135 п.н.е. - 51 п.н.е.), кој ја основал познатата стоичка школа на [[Родос]] во која учеле многу познати Римјани ([[Помпеј]], Цицерон итн.). Посидониј имал [[Енциклопедија|енциклопедиско]], универзално знаење - тој бил [[државник]], мислител, воспитувач, [[Етнографија|етнограф]] итн. Тој напишал дела од разни области ([[математика]], [[географија]], [[астрономија]], [[физика]], [[историја]] и [[граматика]]), а своите философски погледи ги изложил во делата: „За душата“, „За доблестите“, „За вселената“, „За страстите“, „За гнвот“, „За она што доликува“ итн. По распадот на империјата на [[Александар Македонски]], како важен центрацентар на стоицизмот се истакнал градот [[Тарс]] каде работеле шестмина стоичари, како: [[Атенодор Кордилион]] и [[Атенодор од Канана|Атенодор]], синот на Сандор од Канана, а според некои извори и [[Хризип]] бил од Тарс. Притоа, стоичките философи се интересирале за практичната философија, а тие самите работеле и како државници или советници на државните раководители.<ref>Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, ''Samom sebi''. Beograd: Dereta, 2004, стр. 9-17.</ref>
 
==Стоичка етика==