42.534
уредувања
сНема опис на уредувањето |
(→Творештво: ситна поправка) |
||
==Творештво==
Панетиј бил најистакнатиот ученик на [[Антипатар од Тарс]] (кого го наследил како схоларх) и со него почнува средниот период на стоичката школа. Освен Антипатар, Панетиј ги слушал во [[Пергам]] предавањата на [[Кратет]] од Мал, а подоцна во [[Атина]] го слушал [[Диоген]]. Притоа, освен списите на стоичката школа, тој ги познавал и другите философски учења така што [[Цицерон]] за него напишал: „Semper habuit in ore Platonem, Aristotelem, Xenocraten, Theophrastum, Dicaearchum, ut ipsius scripta declarant“ (''De fin''. IV 28, 79). Во Рим, заедно со неговиот соработник [[Гај Блосиј]], Панетиј го раширил стоицизмот. Во последните години од животот, Панетиј се вратил во Атина каде му помагал на остарениот Антипатар во наставата, а по неговата смрт станал управник на стоичката школа. Најважното дело на Панетиј било „За она што доликува“ (πерί τού καυήκοντος) во кое, според Цицерон, „sine controversia de oficiis accuratissime disputavit“ (''De off''. III 2, 7) и кое Цицерон слободно го преработил во првата и втората глава од своето дело „[[За должностите (Цицерон)|За должностите]]“. Други поважни дела на Панетиј биле: „За евтимијата“, „За философските правци“, „За промислата“ и „За Сократ и сократовците“. Фрагментите од делата на Панетиј ги објавил H. N. Fowler во 1885 година. Исто така, Панетиј оставил поголем број ученици и следбеници, како: [[Квинт Мукиј Скевола]], Г. Фаниј, П. Рутилиј Руф, Л. Елиј, М. Вигелиј, Сп. Мумиј, [[Секст Помпеј]], Л. Лукилиј Балбо,
==Литература==
|