Панетиј: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 15:46, 29 јули 2021

Панетиј (грчки: Παναίτιος; околу 185 п.н.е. – околу 110/109 п.н.е.) — старогрчки философ, припадник на стоицизмот.

Животопис

 
Панетиј, прикажан како средновековен мислител во „Нирбершката хроника“

Творештво

Панетиј бил најистакнатиот ученик на Антипатар од Тарс (кого го наследил како схоларх) и со него почнува средниот период на стоичката школа. Освен Антипатар, Панетиј ги слушал во Пергам предавањата на Кратет, а подоцна во Атина го слушал Диоген. Притоа, освен списите на стоичката школа, тој ги познавал и другите философски учења. Во последните години од животот, Панетиј се вратил во Атина каде му помагал на Антипатар во наставата, а по неговата смрт станал управник на стоичката школа. Најважното дело на Панетиј било „За она што доликува“ кое Цицерон слободно го преработил во своето дело „За должностите“. Други поважни дела на Панетиј биле: „За евтимијата“, „За философските правци“, „За промислата“ и „За Сократ и сократовците“. Исто така, тој оставил поголем број ученици и следбеници меѓу кои најпознат е Посидониј (135 п.н.е. - 51 п.н.е.), кој ја основал познатата стоичка школа на Родос во која учеле многу познати Римјани (Помпеј, Цицерон итн.).[1]


а пресудно влијание во неговиот живот имале престојот во Рим и познанството со повеќе влијателни Римјани. Во Рим, заедно со неговиот соработник Гај Блосиј, Панетиј го раширил стоицизмот, а тој уживал голем углед кај римската аристократија (на пример, Цицерон го нарекува vel princeps eius, sc. Stoicae disciplinae и gravissimus Stoicorum). Во последните години од животот, Панетиј се вратил во Атина каде му помагал на Антипатар во наставата, а по неговата смрт станал управник на стоичката школа. Најважното дело на Панетиј било „За она што доликува“ кое Цицерон слободно го преработил во своето дело „За должностите“. Други поважни дела на Панетиј биле: „За евтимијата“, „За философските правци“, „За промислата“ и „За Сократ и сократовците“. Исто така, тој оставил поголем број ученици и следбеници меѓу кои најпознат е Посидониј (135 п.н.е. - 51 п.н.е.), кој ја основал познатата стоичка школа на Родос во која учеле многу познати Римјани (Помпеј, Цицерон итн.). Посидониј имал енциклопедиско, универзално знаење - тој бил државник, мислител, воспитувач, етнограф итн. Тој напишал дела од разни области (математика, географија, астрономија, физика, историја и граматика), а своите философски погледи ги изложил во делата: „За душата“, „За доблестите“, „За вселената“, „За страстите“, „За гнвот“, „За она што доликува“ итн. По распадот на империјата на Александар Македонски, како важен центра на стоицизмот се истакнал градот Тарс каде работеле шестмина стоичари, како: Атенодор со прекарот Кордилион и Атенодор, синот на Сандор од Кана, а според некои извори и Хрисип бил од Тарс. Притоа, стоичките философи се интересирале за практичната философија, а тие самите работеле и како државници или советници на државните раководитлеи.

  1. Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, Samom sebi. Beograd: Dereta, 2004, стр. 9-17.