Стоицизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
дополнување
Ред 1:
[[Податотека:Zeno of Citium pushkin.jpg|right|150px|thumb|Зенон]]
 
'''Стоицизмот''' е филозофски правец во периодот на хеленистичката [[филозофија]]. Името го добил по Шарената галерија (Σтоά ποιχίλη) во [[Атина]], која со своите слики ја украсил сликарот [[Полигнот]] во [[V век п.н.е.]],<ref>A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, ''Zlatni magarac'', Dereta, Beograd, 2011, стр. 225.</ref> а поради оваа соба, стоиците се нарекуваат уште и ''перипатетичари''..<ref>„Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, ''Pohvala ludosti''. Beograd: Rad, 2016, стр. 123.</ref> Основач на стоицизмот во Грција ебил [[Зенон од Китион]] (333 п.н.е - 264 п.н.е), а претставник во [[Римско Царство|Рим]] бил царот [[Марко Аврелиј]]. Други значајни стоици себиле: [[Хризип]], [[Сенека]] и [[Епиктет]]. Речиси сите следбеници на [[Александар Македонски]] отворено се прогласувале како стоици. Стоичката школа ја забранил царот [[Јустинијан Први]] со образложение дека не ебила во склад со [[христијанство]]то. Во денешно време, изразот ''стоицизам'' предизвикува чувство на ладнокрвност и непоколебливост, а пак '''стоик''' се смета заозначува лице што мирно и спокојно ги поднесува тешкотиите.
 
==Развој на стоичката школа==
Во развојот на стоицизмот се разликуваат три периоди:<ref>Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, ''Samom sebi''. Beograd: Dereta, 2004, стр. 7.</ref>
* стар период ([[300 п.н.е.]] - [[130 п.н.е.]])
* среден или хеленско-римски период (130 п.н.е. - [[50 п.н.е.]])
* доцен период (50 п.н.е. - [[III век]])
 
===Стар период===
Основач на стоичката школа бил Зенон од Китија (на [[Кипар]]) кој, по долго научно подготвување и по угледот на [[Епикур]], во 301 п.н.е. отворил свое училиште, а своите предавања ги држел на плоштадот во Атина познат како „Шарената галерија“, украсена со фреските на Полигнот кои ги славеле херојските дела на Атињаните. Најистакнати негови ученици биле: [[Аристон]], синот на Милтијад, кој поради извонредната [[Говорништво|говорничка]] вештина имал прекар Сирена; [[Персеј од Китија]]; Херил од Картагена; талентираниот Дионисиј од Хераклеја на Понт, кој го носел прекарот Метатемен зашто подоцна ѝ се придружил на киренската или Епикуровата школа; а оообено се истакнал Клеант од Троада. Негови ученици биле Сфер и Хрисип, кој го разработил целокупниот расположлив материјал и го изградил ортодоксниот систем на стоичкото учење и така постанал вториот, т.е. дефинитивниот основач на стоицизмот. За свој наследник Хрисип го одредил [[Зенон од Тарс]] кого го наследил Диоген од Селеукија, кој веќе ги слушал предавањата на Хрисип и во 155 п.н.е., заедно со академикот Карнеад и со перипатетичарот Критолај, бил третиот член на делегацијата која Атињаните ја испратиле во [[Стар Рим|Рим]]. Понатаму, ученици на Диоген биле: неговиот наследник Антипатар од Тарс, неговиот сонародник Архедем (основачот на стоичката филијала во [[Вавилон]]), Боет од [[Сидон]], Аполодор од Селеукија, граматичарот Аполодор од Атина и Гај Блосиј кого [[Плутарх]] во делото „Животот на Т. Грах“ го прикажал како слободоумен човек и духовен зачетник на аграрната реформа на [[Тибериј Семпрониј Грах]]. Од записите на старите стоичари сочувани се само исечоци кои се наоѓаат во неколку зборници.<ref>Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, ''Samom sebi''. Beograd: Dereta, 2004, стр. 7-9.</ref>
 
===Хеленско-римски период===
 
 
==Стоичка етика==
Според стоичката [[етика]], [[човек]]от треба да ги спознае законитостите што владеат во [[општество]]то, да живее по углед на [[природа]]та, ослободувајќи се од нагоните и страстите; бидејќи сите луѓе имаат разум, како божји деца, треба да живеат во една светска држава како едно човештво. Врвен етички концепт во стоичката мисла е идејата за [[Апатија (етика)|апатија]], која буквално значи душевна безболност, наспроти денешното [[Апатија|псхолошко поимање]] на душевна тапост и празнина.