Естреја Овадија-Мара: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: македонскa → македонска
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: окасно → одоцна
Ред 23:
== Животопис ==
 
Овадија е родена во [[Битола]], во работничко [[Македонски Евреи|еврејско]] семејство. Рано останала без татко. Имала уште две сестри, за чие издржување покрај мајка ѝ, што работела како перачка по богатите куќи, иако мала, се грижела и таа. Естреја посетувала и училиште. Многу мала ја почувствувала сета беда на сиромаштијата и целиот бес на богатите, кај кои и самата морала да работи. Веќе во 1938 година, со неполни 16 години се активира во [[Еврејско хуманитарно друштво „Визо“|Еврејското хуманитарно друштво „Визо“]] во родниот град. ПокасноПодоцна истата година, заминала на работа во [[Белград]]. Нејзиниот револуционерен активизам дошол до израз за време на демонстрациите на [[27 март]] [[1941]] година во Белград. Била на чело на работничката група поттикнувајќи општ револт против предавничката политика на југословенската влада. Тоа била доволна причина да стане членка на [[СКОЈ]], а потоа уште поинтензивно да го продолжи своето револуционерно делување. По капитулацијата на земјата, во [[1941]] година се вратила во [[Битола]] и се вклучила во подготовките за оруженото востание.<ref>''Heroine Jugoslavije, "Nasa Djeca", 1980.''</ref>
 
Член на [[КПЈ]] била од [[1942]] година. Непосредно пред [[Депортација на Евреите од Македонија|депортацијата на македонските Евреи]], се илегализирала на [[10 март]] [[1943]], а потоа на [[5 април]] [[1943]] година заминала првин како борец на [[Битолско-преспански партизански одред „Даме Груев“|Партизанскиот одред „Даме Груев“]], потоа во [[Битолски партизански одред „Гоце Делчев“|Партизанскиот одред „Гоце Делчев“]] и во други единици на НОВ и ПОМ.<ref>''Александар Поповски, Естреја Хајма Овадиј - Мара (1921–1944), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 120-125.''</ref> Учествувала во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија, а меѓу борците била позната како ''храбрата болничарка Мара''. Учествувала и во [[Февруарскиот поход|Февруарскиот Поход]].<ref name=":0" />