Тенис на Летните олимписки игри 2004 - мажи поединечно: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 24:
 
Најголемото изненадување се случило уште во првото коло кога [[Јиржи Новак]] ја искористил непостојаната игра на [[Тим Хенман]] во оваа календарска година, совладувајќи го во два сета 6-3, 6-3. Второто коло донело уште неколку шокантни елиминации на фаворитите, но ниту една поголема од поразот на светскиот рекет број еден, [[Роџер Федерер]], кој бил елиминиран од чехот [[Томаш Бердих]], рангиран на 74-тото место на АТП листата. Надежите за златен медал на поранешните светски играчи број еден [[Хуан Карлос Фереро]] и [[Марат Сафин]], исто така избледнеле брзо по раните елиминации на турнирот. Двата медали на чилеанските тенисери биле први за оваа јужноамериканска земја во машка поединечна конкуренција.
 
==Општо==
Машкиот турнир во поединечна конкуренција на [[Летни олимписки игри 2004]] се одржал во [[Олимписки тениски центар во Атина|Олимпискиот тениски центар]] во [[Атина]], [[Грција]] од 15 до 22 август 2004 година.<ref name="2004TennisOLYMediaGuide" /> [[Тенис на Летните олимписки игри|Тенисот]] бил еден од спортовите застапени на првите [[Летни олимписки игри 1896|Летни олимписки игри во 1896 година]]. Сепак, тенисот бил тргнат од олимписката програма по [[Летни олимписки игри 1924|Летните олимписки игри во 1924 година]] поради несогласувања помеѓу раководното тело на спортот, [[Меѓународна тениска федерација|Меѓународната тениска федерација]] (ИТФ) и независната олимписка организација, [[Меѓународен олимписки комитет|Меѓународниот олимписки комитет]] (МОК) за тоа како да се дефинираат спортистите-аматери. МОК го вратиле тенисот во олимписката програма како демонстративен спорт на игрите во [[Летни олимписки игри 1968|1968]] и [[Летни олимписки игри 1984|1984]] пред да се врати како спорт во кои повторно се доделуваат медали, отворен за сите играчи во [[Летни олимписки игри 1988|1988 година]].<ref name=2004TennisOLYMediaGuide>{{cite web|title=Tennis Event at the 2004 Olympic Games – Media Guide|url=http://www.itftennis.com/shared/medialibrary/pdf/original/IO_3821_original.PDF|publisher=International Tennis Federation|date=2004|access-date=20 March 2020|archive-url=https://web.archive.org/web/20040823231019/http://www.itftennis.com/shared/medialibrary/pdf/original/IO_3821_original.PDF|archive-date=23 August 2004|url-status=dead}}</ref> Турнирот во 2004 година, бил 12-тото издание на кое се доделувало медали во машка поединечна конкуренција.
 
На овој турнир во 2004 година, се вратиле петмина од вкупно осум четвртфиналисти од претходното олимписко издание, турнирот во [[Тенис на Летните олимписки игри 2000 - мажи поединечно|Сиднеј 2000 година]]: меѓу нив бил освојувачот на сребрниот медал (поразен во финалето во Сиднеј) [[Томи Хас]] од Германија, четвртопласираниот на турнирот [[Роџер Федерер]] од Швајцарија и тројца играчи елиминирани во четвртфиналето: [[Макс Мирни]] од Белорусија, [[Хуан Карлос Фереро]] од Шпанија и [[Густаво Куертен]] од Бразил.
 
Гледано по држави, Алжир, Кинески Тајпеј и Кипар го имале своето деби на олимписки турнир во машка поединечна конкуренција. Франција пак, го забележала 11-тиот настап, најмногу меѓу сите нации, пропуштајќи го само турнирот во 1904 година.
 
==Распоред==