Никејско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Латинско царство → Латинско Царство (2), Латинското царство → Латинското Царство (2)
с Правописна исправка, replaced: Епирско деспотство → Епирско Деспотство (2)
Ред 41:
Во [[1204]] ГОДИНА, [[Список на византиски императори|византискиот цар]] [[Алексиј V Дука]] побегнал од Цариград откако градот бил нападнат од [[Четврта крстоносна војна|крстоносците]]. [[Теодор I Ласкарис]], зет на [[Алексиј III Ангел]], бил прогласен за цар, но тој исто така побегнал, во [[Никеја]] (денешен [[Изник]]) во [[Витинија]], откако сфатил дека ситуацијата во Цариград е безнадежна.
 
[[Латинско Царство|Латинското Царство]], кое било основано од крстоносците во Цариград, имало слаба контрола врз поранешните византиски територии, и држави–наследнички на Византија се појавиле во [[Епирско деспотствоДеспотство|Епир]] и Трабзон ([[Трапезунтско Царство|Трапезунт]]), како и во Никеја, иако Трапезунт се осамостоил како независна држава неколку недели [[Опсада на Цариград (1204)|пред падот на Цариград]]. Никеја, сепак била најблиску до Латинското Царство и била во најдобра позиција да се обидува повторно да го обнови Византиското Царство.
 
Теодор Ласкарис не бил веднаш успешен, бдејќи бил поразен кај Поеманенум и Пруса (денешна [[Бурса]]) во 1204 година, но успеал да освои поголем дел од [[Мала Азија|Анадолија]] откако латинскиот цар [[Балдуин I]] морал да се брани од напад од бугарскиот цар [[Калојан]]. Теодор исто така ја поразил војската од Трапезунт, како и други помали соперници, со што дошол на чело на најсилната држава – наследничка. Во 1206 година, Теодор се прогласил за цар во Никеја.
Ред 54:
Стапувањето на престолот на Ватац било оспорувано од Ласкаридите, со [[севастократор]]ите Исак и Алексиј, браќа на Теодор I и барале помош од Латинското Царство. Ватац сепак ги победил комбинираните сили во [[Битката кај Поеманенум]], со што го обезбедил престолот и ги освоил речиси сите азиски територии на Латините.
 
Во 1224 година, латинското [[Солунско Кралство]], било освоено од [[Епирско деспотствоДеспотство|Епирското Деспотство]], но Епир потпаднал под бугарска контрола во 1230 година. Бидејќи Трапезунтското Царство не било доволно моќно, Никеја била единствената преостаната византиска држава и Јован III ги проширил териториите до [[Егејското Море]]. Во 1235 година, склучил сојуз со [[Иван II Асен]] од Бугарија, со што му се овозможило да го прошири своето влијание над [[Солун]] и Епир.
 
Во 1242 година, [[Монголи]]те ја нападнале селџучката територија источно од Никеја и иако се загрижил дека можат да го нападнат следно, тие ја елиминирале заканата од Селџуците. Во 1245 година, Јован стапил во сојуз со [[Светото Римско Царство]] преку бракот со [[Констанца II]] од Хоенштауфен, ќерка на [[Фридрих II]] . До 1248 година, Јован ги победил Бугарите и го обиколил целото Латинско Царство. Тој продолжил да освојува територии од Латините сè до неговата смрт во 1254 година.