Скитањата на Осијан и други песни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Содржина: дополнување
с →‎Осврт кон делото: Правописна исправка, replaced: рерафаел → редрафаел (2)
 
Ред 22:
 
==Осврт кон делото==
Централно место во збирката зазема долгата наративна песна „[[Скитањата на Осијан]]“ или „Скитањата на Оишин“ која Јејтс ја започнал во 1886, ја завршил во 1888, а ја објавил во 1889 година. Темата за песната Јејтс ја зел од познатата ирска [[легенда]] за [[Осијан]]. Во „Скитањата на Осијан“, трите патувања ги симболизираат трите фази во животот на Јејтс: среќното детство во Слајгоу (првата книга), напорното момчештво во [[Лондон]] (втората книга) и младоста во Хаут (третата книга). Исто така, таа е поврзана и со ирското национално ослободително движење, зашто госпоѓата која ја спасува Осијан е [[Ирска]]. Според критичарот Еллман, поемата е ирска по името и по пејзажите, по стилот е [[ПрерафаелитиПредрафаелити|прерафаелитскапредрафаелитска]], а по методот [[Симболизам|симболистичка]]. Поемата е значајна како прв пристап на Јејтс кон [[митологија]]та и [[историја]]та кои се посмислено и посилно присутни во подоцнежното негово творештво. Во едно свое писмо од времето на објавувањето на песната, самиот Јејтс ги воочува нејзините слабости, пишувајќи: „Немам преголеми надежи во врска со книгата. Се плашам дека бев малку неразбирлив. А, навистина, имав нешто да кажам. Не знам дали го реков тоа. Сето тоа сега изгледа збркано, неповрзано, нејасно.“<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 37-38.</ref>
 
== Наводи ==