Љубовта е вечна: Разлика помеѓу преработките

Нема измена во големината ,  пред 11 месец
с
→‎Синопсис: Правописна исправка, replaced: било какво → какво било
с (→‎Надворешни врски: Јазична исправка, replaced: Интернет филмска база на податоци → Семрежна филмска база на податоци)
с (→‎Синопсис: Правописна исправка, replaced: било какво → какво било)
Фамилијата Елисалде живее среќен и хармоничен живот на својата хациенда. Стариот дон Гонзало е среќно оженет со Монсерат и имаат пет деца - Фернанда, Лилијана, Сантјаго, Камило и Анибал. Фернанда другарува со Едуардо, синот на готвачката Соледад и од мали нозе меѓу нив постои интересна поврзаност.
 
Семејството Елисалде не знае дека е цел на напад од страна на еден мистериозен човек Артемио Браво, кој живее за да го уништи семејството Елисалде поради тајни од минатото. Неговиот прв шпион за таа опасна игра е Ребека Санчез, бескрупулозна и ладнокрвна млада жена која е пратена од Артемио Браво да ја уништи фамилијата Елисалде, па затоа таа се вработува во компанијата на Елисалде под името Барбара Греко и станува лична аситентка на дон Гонзало поради нејзината способност за манипулација со луѓето. Со текот на времето, Барбара Греко ги придобива сите членови во семејството, освен Лилијана, најстарата ќерка на дон Гонзало. Првата наредба која Барбара Греко ја добива од својот шеф Артемио е да ги уништи готвачката Соледад и нејзиниот син. Под влијание на Барбара, Гонсало ги разделува Фернанда и Едуардо, на големо незадоволство на децата. Со следниот потег, Барбара ја убива Монсерат со перница, а и поставува дрога на Лилијана и ја обвинува за смртта на мајка и, па така Лилијана е пратена во лудница. На чистиот пат, Барбара успева да се омажи со Гонзало, да влезе во компанијата како газдарица и да почне со планот за финансиско уништување на Елисалде. Соледад е единствената која ги дознава сите злосторства на Барбара, но е прнудена да молчи затоа што Барбара и се заканува дека ќе и го убие синот. Затоа и Соледад е принудена да спречи било какво било поврзување на Фернанда и Едуардо во текот на годините.
 
Годините поминуваат... Лилијана е во лудница и е постојано дрогирана од луѓе на Барбара Греко. Барбара манипулира со целата фамилија и добива свој нов соучесник - Дамјан, кој ќе треба да се ожени со Фернанда.