Христово распнување: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с →‎Распетие: Правописна исправка, replaced: било каков → каков било
Ред 13:
== Распетие ==
 
Во текот на судењето на [[Синедрион]], свештенските поглавари го прашале на Исус: “''Дали си ти Син Бжји''?“ на кое тој им одговорил: “''Вие викате дека Сум''“. По ова, Исус бил обвинет (Лука 22:70–71). Свештениците по ова го предале на [[Понтиј Пилат]] за побуна бидејќи тврдил дека е цар јудејски. Кога Исус отишол пред Пилат, тој го прашал: “''Дали си ти цар Јудејски''?“, а Исус му одговорил: “''Ти кажеш дека сум''“. Според евангелието, [[Понтиј Пилат]] лично не сметал дека Исус е виновен за било каков било бунт против римјаните. По обичајот на пасха, гувернерот имал обичај да ослободи еден затвореник (обичај кој е забележан само во евангелието). Така, Пилат понудил народот да избира меѓу Исус од Назарет и бунтовникот по име [[Варава]]. Толпата народ одлучил [[Варава]] да биде ослободен, а Исус да биде распнат на [[крст]]. Пилат по ова ги измил рацете за да нагласи дека тој не е виновен за неправедната одлука (Матеј 27:11–26).
 
Според четирите евангелија, Исус умрел на брдото ''Калварија'', познато и како [[Голгота]]. Евреинот [[Јосиф од Ариматија]] добил дозвола од Пилат да го зема телото на Исус и да го погребе во гробот (Марко 15:42–46), Лука 23:50–56). Евангелијата зборуваат дека по ова, дошло до помрачување на небото, а Матеј зборува и за [[земјотрес]] (Матеј 27:51).