Месна мрежа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bjankuloski06 ја премести страницата Локална мрежа на Месна мрежа
с Правописна исправка, replaced: било каков → каков било (2)
Ред 50:
 
Топологијата на мрежите веќе го има поминато својот развоен пат и денес убедливо најраспространета е мрежата од типот Ethernet, која подразбира сериско (линиско) поврзување на компјутерите, иако сè уште некаде може да се сретне прстенеста (Token Ring) мрежа. Порано компјутерските мрежни картички во Ethernet биле поврзувани со коаксијален кабел, излезите биле поврзани паралелно, а краевите на каблите биле затворани со терминатори кои, благо речено, го чувале квалитетот на сигналот. Паралелната врска значи дека сите податоци кои патувале преку мрежата се наоѓале на картичките на сите компјутери, а во заглавјето на пакетот било назначено за кој компјутер се наменети, па во тој поглед немало проблеми. Проблемите се јавувале на други места: лош контакт или прекин на врската помеѓу кабелот и таканаречениот Т-конектор на мрежната картичка (кој служел за поврзување на двата сегмента од кабелот и самата картичка) предизвикувал моментален прекин на сообраќајот во целата мрежа, а со зголемувањето на бројот на
компјутери се зголемувала и веројатноста за такви настани. Друг проблем се појавил со тоа што сите компјутери, без разлика колку и да биле, делеле ист пропусен мрежен опсег од 10 Mb/s и со тоа додавањето на нови компјутери во мрежата значело и успорување. Првиот проблем е решен со уредот кој е наречен „средиште“ (Hub): сТите уреди се поврзувале со него со помош на кабли без омот со вкрстени парици ([[UTP]]), а било каков било проблем со кабелот од мрежата го исклучувал само компјутерот кој го користел тој кабел. За проширување на мрежата било доволно за поврзување на ново средиште со постоечкото, но проблемот со делење на пропусниот опсег останал. Донекаде е ублажен со воведување на нов стандард со брзина 100 Mb/s, иако правото
решение е донесено со мрежната свртница (switch) која освен пакетите ги комутира и врските: секои два компјутера во мрежата кои директно комуницираат добиваат свој канал со полн пропусен опсег. Меѓутоа, тоа бара повнимателно проектирање на мрежата: цел сообраќај помеѓу две свртници се одвива преку еден кабел, па мрежата треба да се осмисли така што компјутерите кои според природата на работа често комуницираат бидат поврзани на иста свртница, со што сообраќајот помеѓу свртниците се намалува. Освен обичните постојат и интелигентни свртници, кои можат да го ограничат пристапот на одредени компјутери во мрежата, што понекогаш е многу битно во големи компании. Во уште поголеми мрежи неопходна е детална контрола на протокот, за што се користат усмерувачи (router) и некои посложени уреди. Стандардите ја ограничуваат должината на UTP каблите на стотина метри, а за поголеми должини се користат засилувачи. Видови мрежи со оглед на типологијата:
 
Ред 62:
= Мрежни протоколи =
 
Ефикасната комуникација преку мрежата бара поддршка од оперативниот систем, па во современите системи се вградени мрежни слоеви (network layer) кои опфаќаат еден или повеќе мрежни протколи. Во почетокот секој производител на оперативен систем наметнувал свои стандарди, во овој случај протоколи, но многу од нив со тек на времето прифаќале и туѓи, а дел станале стандардни. Пред повеќе од 10 години, компјутерите со системи од Microsoft, користеле Novell мрежен подсистем; и Microsoft ги востановил своите мрежни протоколи, а развојот на Интернет го донесува, денес најраспространетиот протокол - TCP/IP. Во случајот на Microsoft, почетокот на вмрежување е поврзан со мрежно проширување на BIOS-от на компјутерите со NetBIOS; се работи за едноставен збир од наредби кој обезбедувал само најосновна поддршка за вмрежување. Набрзо бил проширен со кориснички интерфејс, кога го добива името NetBEUI (NetBIOS Extended User Interface) и тогаш постанува вистински мрежен протокол. Се наоѓа на сите современи верзии на Windows и е многу едноставен: за идентификација го користи името на компјутерот и не треба посебно да се конфигурира. Постигнува добри перформанси во комуникацијата, но има неколку ограничувања, од кои најважно е тоа што е употреблив само во локални мрежи- било каков било излез надвор од месна мрежа е невозможен со овој протокол. Од времето на доминацијата на Novell, денес опстанал IPX/SPX протоколот. Помоќен е од NetBEUI и дозволува спојување на повеќе сегменти на мрежата, но бидејќи редовно ги проверува патиштата во мрежата и тој сам „произведува“ значителен сообраќај па е малку поспор. И тој е поддржан во сите нови Windows-и, а значаен поради тоа што овозможува едноставна комуникација со мрежите кои работат под Novell; освен тоа го користат управувачките програми за одделни мрежни печатачи.
 
Денес најголемо значење има TCP/IP протколот. За неговите можности најдобро зборува податокот што преку Интернет поврзува милиони компјутери со различни оперативни системи. Во суштина се работи за збир на обединети протоколи, првенствено развиени за воени цели, за мрежата Arpanet. Овој збир на протоколи ги поддржува сите операции поврзани со мрежната комуникација и покрај сложеноста, со него се постигнуваат добри перформанси. TCP/IP има една особина која е непријатна за почетници: Бара подесување на неколку параметри и ретко простува грешки. За среќа, поголемиот дел од тие параметри може да се подесат „однадвор“, па многу опслужувачи на Интернет услуги ќе ги постават вредностите кои одговараат, обврската на корисникот е само да им го овозможи тоа. Кај локалните мрежи пак, доколку постои DHCP (Dynamic Host Configuration Protocol) опслужувач во нив, тој скоро се сам ќе подеси, а во спротивно мора на секој компјутер рачно да му се додели единствена IP адреса и да се постави мрежна маска која го контролира пристапот до мрежата. Доколку мрежата е поврзана со некоја друга мрежа треба да се наведе и IP адресата на мрежниот премин (gateway), а во некои сличаи адресите на опслужувачот на имиња.