Милорад Павиќ: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка |
→Творештво: ситна поправка |
||
Ред 6:
==Творештво==
Павиќ бил романописец, раскажувач, поет и драмски писател. Својата книжевна кариера, Павиќ ја започнал како поет, со стихозбирките „Палимпсести“ (1967) и „Месечев камен“ (1971). Во овој период, тој ги објавил и книгите „Историја на српска книжевност во барокниот период“ (1970), „Војислав Илиќ и европска поезија“ (1971) и „Гаврил Стефановиќ Венциловиќ“ (1972). Својата есеистичка и научна работа ја продолжил и во текот на 1970-тите о 1980-тите, со книгите: „Јазичното паметење и поетскиот облик“ (1976), „Историјата, сталежот и стилот“ (1985), „Историја на српската книжевност од класицизмот и предромантизмот“ (1979) и „Раѓањето на новата српска книжевност“ (1983). Првата збирка раскази „[[Железни завеси]]“ (српски: ''Гвоздене завесе'') ја објавил во 1973 година, а потоа следеле збирките раскази: „[[Коњите на свети Марко]]“ (српски: ''Коњи светога Марка'', 1976), „[[Руски 'рт]]“ (српски: ''Руски хрт'', 1979), „[[Нови белградски приказни]]“ (српски: ''Нове београдске приче'', 1981), „[[Душите се капат последен пат]]“ (српски: ''Душе се купају последњи пут'', 1982) и „[[Превртена ракавица]]“ (1989).
Според зборовите на Часлав Ѓорѓевиќ, Павиќ е европски [[Борхес]], бидејќи во своите дела, внесувајќи во нив научно и фантастично, обликува прозни форми и уметнички ветрови кои не престануваат да ги збунуваат и воодушевуваат читателите насекаде во светот.<ref>Часлав Ђорђевић и Предраг Лучић, ''Књижевност и српски језик - приручник за ученике четвртог разреда гимназије и средњих стручних школа'', Нови Сад, 2009.</ref> Делата на Павиќ се преведени во повеќе од 80 преводи во посебни книги на различни јазици во целиот свет. Во неколку наврати, од предлагачи од [[Европа]], [[САД]] и [[Бразил]], Милорад Павиќ бил номиниран за [[Нобеловата награда за литература]].
|