Милорад Павиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: ситна поправка
ситна поправка
Ред 3:
== Животопис ==
[[Податотека:Milorad Pavic.jpg|мини|''Милорад Павиќ''' ([[Белград]], [[15 октомври]] [[1929]] — Белград, [[30 ноември]] [[2009]])]]
Павиќ е роден во Белград, во 1929 година, во старо писателско семејство.<ref>„Beleška o autoru“, во: Milorad Pavić, ''Hazarski rečnik''. Beograd: Prosveta, 1988, стр. 299.</ref> Во периодот од 1974 до 1990 година, Павиќ работел како професор на Филозофскиот факултет при Универзитетот во [[Нови Сад]], при што, редовен професор на овој факултет станал во 1977 година, а во периодот 1977-79 бил декан. Тој бил оженет со [[Јасмина Михајловиќ]], писателка и книжевна критичарка. Павиќ починал во [[Белград]], на 30 ноември 2009 година, од последиците на [[инфаркт]], а бил погребан на 3 декември во Алејата на великаните на Новите [[гробишта]] во Белград.
 
==Творештво==
Павиќ бил романописец, раскажувач, поет и драмски писател. Својата книжевна кариера, Павиќ ја започнал како поет, со стихозбирките „Палимпсести“ (1967) и „Месечев камен“ (1971). Во овој период, тој ги објавил и книгите „Историја на српска книжевност во барокниот период“ (1970), „Војислав Илиќ и европска поезија“ (1971) и „Гаврил Стефановиќ Венциловиќ“ (1972). Својата есеистичка и научна работа ја продолжил и во текот на 1970-тите о 1980-тите, со книгите: „Јазичното паметење и поетскиот облик“ (1976), „Историјата, сталежот и стилот“ (1985), „Историја на српската книжевност од класицизмот и предромантизмот“ (1979) и „Раѓањето на новата српска книжевност“ (1983). Првата збирка раскази „Железна„[[Железни завеси]]“ (српски: ''Гвоздене завеса“завесе'') ја објавил во 1973 година, а потоа следеле збирките раскази: „[[Коњите на свети Марко]]“ (српски: ''Коњи светога Марка'', 1976), „[[Руски 'рт]]“ (1979), „[[Нови белградски приказни]]“ (1981), „[[Душите се капат последен пат]]“ (1982) и „[[Превртена ракавица]]“ (1989). Домашната и светската слава Павиќ ја стекнал со [[роман]]от „[[Хазарски речник]]“ од 1984 година, по што следеле романите „[[Предел насликан со чај]]“ (1988), „[[Внатрешната страна на ветрот]]“ (1991) и „[[Последната љубов во Цариград]]“ (1994). Исто така, значајно место во творештвото на Павиќ заземаат и делата: „[[Шапка од рибја кожа (роман)|Шапка од рибина кожа]] - Љубовна приказна“ (1996), „[[Стаклен полжав - Приказни од Интернет]]“ (1998), „[[Кутија за пишување]]“ (1999), „[[Ѕвездена наметка - Астролошки водич за неупатените]]“ (2000) и „[[Уникат (Милорад Павиќ)|Уникат]]“ (2004). Покрај нив, Павиќ е автор и на книгите: „Интерактивни драми - Засекогаш и ден повеќе“, „[[Кревет за тројца]]“, „Стаклен полжав“ (2004), како и [[комедија]]та „[[Свадба во бањата]]“ (2005). Покрај тоа, тој се занимавал и со преведувачка дејност, преведувајќи ги [[Бајрон]] и [[Пушкин]].<ref>„Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, ''Кутија за писање''. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121.</ref>
Според зборовите на Часлав Ѓорѓевиќ, Павиќ е европски [[Борхес]], бидејќи во своите дела, внесувајќи во нив научно и фантастично, обликува прозни форми и уметнички ветрови кои не престануваат да ги збунуваат и воодушевуваат читателите насекаде во светот.<ref>Часлав Ђорђевић и Предраг Лучић, ''Књижевност и српски језик - приручник за ученике четвртог разреда гимназије и средњих стручних школа'', Нови Сад, 2009.</ref> Делата на Павиќ се преведени во повеќе од 80 преводи во посебни книги на различни јазици во целиот свет. Во неколку наврати, од предлагачи од [[Европа]], [[САД]] и [[Бразил]], Милорад Павиќ бил номиниран за [[Нобеловата награда за литература]].