Растројување (астрономија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 79:
 
== Периодична природа ==
[[File:Eccentricity rocky planets.jpg|thumb|300px|[http://www.orbitsimulator.com/gravity/articles/what.html Гравитациона симулација] прикажана графички, при што може да се забележат [[занесување (орбита)|занесувањата]] на [[Меркур]], [[Венера]], [[Земја]]та, и [[Марс]] во следните 50.000 години. Точката 0 ја означува 2007 година.]]
 
Во Сончевиот Систем, голем дел од нарушувањата на орбитите на една планета од страна на друга планета се периодични, и се мали импулси секогаш кога планетата поминува покрај друга планета во орбитата. Ова предизвикува телата да ги следат движењата кои се периодични или квази периодични – како што е Месечината во нејзината [[Теорија за Месечината|силно растроена]] [[месечева орбита|орбита]], која се изучува како дел од [[теорија за Месечината|теоријата за Месечината]]. Оваа периодична природа довела до откривањето на [[Откривањето на Нептун|Нептун]] во 1846 година како резултат на растројувањата на орбитата на [[Уран]].
 
Постојаните меѓусебни растројувања на планетите предизвикуваат долготрајни квази периодични промени во нивните [[орбитални елемент]]и, ова е најочигледно кога две планети имаат орбитални периодии кои се во скоро приближна синхронизација. На пример, пет орбити на [[Јупитер]] (59,31 година) се скоро еднакви на две орбити на [[Сатурн]] (58,91 година). Ова предизвикува големи растројувања кај двете планети, во период од 918 години, времето кое е потребно за да се забележи мала разлика во нивните местоположби при [[Конјукција (астрономија)|конјукција]] при еден цел круг, што првпат било забележано од страна на [[Пјер Симон Лаплас|Лаплас]].<ref name="moulton"/> [[Венера]] во мометов е во орбита со најмало [[занесување (орбита)|занесување]], т.е. е најблиску до [[круг|кружна орбита]], од сите други планетарни орбити. Во период од 25.000 години', [[Земјата]] ќе има покружна (не толку занесена) орбита како онаа на Венера денес. Се покажало дека долгопериодичните нарушувања во [[Сончев Систем|Сончевиот Систем]] може да постанат хаотични при долги временски периоди; при одредени услови една или повеќе од [[планета|планетите]] можно е да поминат низ орбиттите на други планети, што би довело до судири.<ref>Погледајте ги наводите за [[Стабилност на Сончевиот Систем]]</ref>
 
Орбитите на многу од малите тела во Сончевиот Систем, како што се [[комета|кометите]], се силно растроениa, особено од страна на гравитационите полиња на [[гасовит џин|гасовитите џинови]]. Иако голем дел од овие растројувања се периодични, други не се, и овие се особено добри претставници на [[хаотично движење|хаотичното движење]]. На пример, во април 1996 година, [[Јупитер]]овото гравитационо влијание предизвикало [[орбитален период|периодот] на орбитата на [[Хале-Бопова комета|Хале-Боповата комета]] да се намали 4.206 на 2.380 години, промена која нема да се исправи во некој догледен период.<ref name=perturb>{{cite web |date=1997-04-10 |title=Comet Hale–Bopp Orbit and Ephemeris Information |publisher=JPL/NASA |author=Don Yeomans |url=http://www2.jpl.nasa.gov/comet/ephemjpl8.html |access-date=2008-10-23}}</ref>
 
== Поврзано ==