Златко Биљановски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 57:
Во родниот крај Златко се поврзал со партиските организации и добил задача да формира скоевски групи во околните села во крушевско. Поради неговата голема активност бил избран за член на ОК на СКОЈ во Крушево. Во тој период двапати бил апсен. Во септември 1942 година тој се приклучил на Крушевскиот партизански одред и по одреден период станал четен политички комесар. Следната година бил префрлен во Кичево каде бил формиран Мавровско-кичевскиот партизански одред и Златко Билјановски бил поставен за заменик политички комесар. Бидејќи вешто се снашол како борец, тој бил поставен за водач на курирската патрола на Покраинскиот Комитет на Комунистичката Партија за Македонија. Подоцна бил назначен за заменик-командант на Жупскиот одред, а кога станал баталјон, тој бил назнален за политички комесар. Тој учествувал во сите борби на баталјонот до 1944 година.<ref name="херои"/>
 
[[Податотека:Штаб на 3 македонска ударна бригада.jpg|thumb|мини|десно|Штабот на [[Трета македонска ударна бригада|Третата македонска ударна бригада]]. Од лево кон десно: Златко Билјановски, Тихомир Милошевски, Кирил Михајловски и Боро Милески]]
Билјановски извесно време поминал и во Грција. По враќањето од Грција заминал за Куманово каде е формирана Третата бригада и тогаш е поставен за заменик политички комесар. Во август 1944 година бил шеф на еден отсек на [[ОЗНА]] за Македонија, функција која ја вршел до крајот на војната.<ref name="херои"/>