Кирил Михајловски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: бил роден → е роден
Ред 28:
Тој бил учесник во НОВ од 1941 година. Во јуни 1941 година по директива на Партијата Михајловски заминал за [[Прокупље]], каде учествувал во организирање на Топличкиот партизански одред. Се борел во партизанските единици во [[Србија]], како командант на [[Јатребачки баталјон|Јатребачкиот баталјон]], политички комесар на ударниот баталјон на [[Прва јужноморавска бригада|Првата јужноморавска бригада]], и политички комесар на бригадата.
 
[[Податотека:Штаб на 3 македонска ударна бригада.jpg|thumb|мини|лево|Штабот на Третата македонска ударна бригада. Од лево кон десно: Златко Билјановски, Тихомир Милошевски, Кирил Михајловски и Боро Милески]]
При крајот на 1943 и во 1944 година, Кирил Михајловски се нашол во Македонија, каде ја вршел должноста началник на Оперативниот штаб на црнотравските, македонските и косовските единици при чистењето на [[Козјак]], [[Руен]], [[Широка Планина]] и [[Карадак]]. На 26 февруари 1944 година бил поставен за политички комесар на [[Трета македонска бригада|Третата македонска бригада]], а во јули истата година за политички комесар на [[Четврта македонска ударна бригада|Четвртата македонска бригада]]. Потоа бил командант на [[Педесетта македонска дивизија|Педесеттата дивизија]], а нешто подоцна и на [[Педесет и прва македонска дивизија|Педесет и првата дивизија]], и командант на [[Штипска воена област|Штипската воена област]]. Бил делегат на Првото заседание на [[АСНОМ]].