Тихомир Милошевски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 27:
Откако закрепнал се упатил кон [[Скопје]], каде се приклучил кон народноослободителното движење. Поради таа негова активност набргу бил уапсен, а потоа интерниран на принудна работа во [[Горна Џумаја]]. Во јануари [[1942]] година бил пуштен од интернација и повторно заминал за Скопје, повторно приклучувајќи се на народноослободителното движење. Во февруари бил поставен за командант на штабот во градот. Кон крајот на март се приклучил на одредот во Скопска Црна Гора, но набрзо морал да се врати во градот, каде продолжил да работи на задачите на Партијата.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 230</ref>
 
[[Податотека:Штаб на 3 македонска ударна бригада.jpg|thumb|мини|лево|Штабот на Третата македонска ударна бригада. Од лево кон десно: Златко Билјановски, Тихомир Милошевски, Кирил Михајловски и Боро Милески]]
Во август [[1943]] година се приклучил кон [[Тиквешки НОПО „Добри Даскалов“|Кавадаречкиот партизански одред „Добри Даскалов“]], каде држел предавања и воени часови. Учествувал како командант на една чета при нападот на рудникот Дудица и во судир кај селото Михаилово.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 231</ref>
 
[[Податотека:Штаб на 3 македонска ударна бригада.jpg|thumb|мини|лево|Штабот на Третата македонска ударна бригада. Од лево кон десно: Златко Билјановски, Тихомир Милошевски, Кирил Михајловски и Боро Милески]]
Учествувал во [[Февруарски поход|Февруарскиот поход]] раководејќи со група баталјони, а при формирањето на [[Трета македонска бригада|Третата македонска бригада]] бил назначен за нејзин командант. Ја командувал бригадата од сите судири од Сејац, преку Ристовац, Пробиштип, Кратово, Црнооко, Црна Трава, Црна Река, до Егејска Македонија и назад до Козјак. Во јули 1944 година, со еден баталјон заминал за [[Источна Македонија]]. Кога била формирана [[Трета оперативна зона|Третата оперативна зона]], Милошевски бил поставен за нејзин командант. При создавањето на првата дивизија во Македонија, [[Четириесет и прва македонска дивизија|41-та македонска дивизија]], бил назначен за нејзин командант, сè до формирањето на [[Шетнаесетти корпус|Шетнаесеттиот југословенски корпус]]. Оваа дивизија под негово раководство ги ослободила градовите: [[Прилеп]], [[Битола]], [[Охрид]], [[Струга]], [[Дебар]], [[Кичево]] и др.