Кадроглав пеликан: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова статија
(нема разлика)

Преработка од 12:14, 13 јули 2021

Кадроглав пеликан (Pelecanus crispus) е прелетна птица, гнездилка од фамилијата на пеликани. Најголема популација од овој вид пеликани се наоѓа на лагуната Каравашта во Албанија. Во Македонија го има на Преспанско Езеро. Се среќава и на Скадарско Езеро и во резерватот Сребрна во Бугарија. [1]

Опис

Кадроглавиот пеликан на темињата и тилот поседува кадрави (извиткани) перја, грлената торба е портокалова, нозете темносиви, а шареницата е белкаста. На врвовите на крилјата има малку црни перја.

Должината на телото му е околу 180 сm, а распонот на крилјата околу 3 m. Просечната тежина од 11,5 килограми ја прави најтешка птица во светот од својот род. [2]

Размножување

Пеликаните своите гнезда ги прават обично на острови, лагуни, речни делти или места испреплетени со густа водна вегетација. Размножувањето започнува во март и април. Снесува од 1 до 6 јајца, од кои најчесто 2-3 бели јајца. Пилињата се раѓаат голи, но набрзо им растат пердуви. После шестата недела се оспособени сами да ловат риба, а по десеттата почнуваат да летаат. [3]

Распространетост

Животниот простор на оваа птица се бреговите обраснати со острица на морињата, езерата и устијата на реките богати со риба. Се храни претежно со риба. Храната ја лови сам или во група од два или три пеликани. [4]

  1. НП Галичица
  2. НП Галичица
  3. НП Галичица
  4. НП Галичица