Борко Темелкоски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Литература: Македонски назив на предлошката, replaced: cite encyclopedia → наведена енциклопедија
Ред 50:
 
По настанот од 11 октомври 1941 година, [[Вера Ацева]] заминала за Скопје, Борко станал секретар на МК на Партијата во Прилеп. Борко важел за храбар, присебен, ладнокрвен и решителен човек. Поради својата ангажираност во Партијата, Бугарите неколкупати се обиделе да го фатат, но безуспешно.<ref name="херои"/> Како секретар на МК на Партијата во Прилеп, тој бил решителен при вооружувањето и активната борба за ослободување. Тој учествувал при формирање нови и проширување на постоечките партиски и скоевски организации и создавање на бази за дејство на партизанските одреди и диверзантските групи.<ref name="херои"/>
[[File:Borko Temelkovski.jpg|thumb|right|250px|Борко Темелкоски во својата старост.]]
 
[[Податотека:Mihajlo Apostolski and Borko Temelkoski.jpg|мини|лево|Командантот на Главниот штаб на Македонија, [[Михајло Апостолски]], комесарот Борко Темелкоски – Лилјакот, во обиколка на единиците од [[Петнаесетти македонски корпус|15-от македонски корпус]] на патот Скопје – Куманово, пред нивното заминување на [[Сремски фронт|Сремскиот фронт]]. Јануари 1945 година]]
Во 1942 година Борко е повлечен на работа во Скопје, а во август 1942 година станал член на ПК на Партијата во Македонија. Поради прогонот кој полицијата и бугарските власти го вршеле врз него, тој во Скопје живеел под лажно име и со лажни документи под името ''Ристе'', а познат како „Ристе столарот“. Покрај „камуфлажната работилница“, Борко бил задолжен за техниката младината на Партијата во Скопје. Таквите дејствија биле ризични бидејќи побарувале постојан движење, а Борко бил човек со потерница и барана личност за апсење од бугарските окупатори.<ref name="херои"/>
Покасно, по доаѓањето на [[Добривое Радосављевиќ]] во Скопје, Борко се посветил на зацврстување на МК на Партијата и скоевската организација во Скопје. Кога [[Светозар Вукмановиќ - Темпо]] дошол во Македонија, решено било Борко да биде член при основањето на СКМ во Тетово и било планирано да биде член на ЦК на Комунистичката партија на Македонија. Сепак ова било променето, и било решено Борко да остане во Скопје со Радосављевиќ. Наскоро заминува за Кавадарци како секретар на областниот комитет, а во тој период бил и член на Главниот штаб на Македонија, член на централниот комитет на КПМ. Заминува за [[Дебрца]] и [[Егејска Македонија]] поради помагањето на движењето во тие региони.<ref name="херои"/>
Ред 57:
Борко Темелкоски бил секретар на Месниот комитет на КПЈ. По окупацијата бил еден од организаторите и раководителите на НОВ во Македонија. Во [[1943]] година бил секретар на Третиот Окружен комитет на [[КПМ]] и член на [[Главен штаб на НОВ и ПОМ|Главниот штаб на НОВ и ПОМ]] до крајот на војната. Во април [[1944]] година станува член на [[Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ|Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ]], а во август 1944 година е делегат на Првото заседание на [[АСНОМ]].
 
[[File:Borko Temelkovski.jpg|thumb|right|250px|Борко Темелкоски во својата старост.]]
По војната вршел високи раководни партиски и државни функции во ЦК на КПМ и ЦК на КПЈ, потпретседател на [[Влада на Македонија од 1951|Владата на НР Македонија од 1951 година]] и на Сојузната влада. Повеќепати бил избиран за републички и сојузен пратеник. Бил претседател на [[Сојуз на синдикатите на Македонија|Сојузот на синдикатите на Македонија]] и на Сојузот на борците од НОБ. Бил полковник на [[ЈНА]] во резерва.