Алкибијад: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична иаправка, replaced: опоненти → противници (2)
с Правописна исправка, replaced: дкако → ткако (6)
Ред 15:
}}
 
'''Алкибијад''' ([[старогрчки јазик|грчки]]: Ἀλκιβιάδης Κλεινίου Σκαμβωνίδης; 450 г. [[п.н.е.]] [[Атина]] - 404 г. [[п.н.е.]] [[Фригија]]) бил истакнат атински државник, оратор и генерал. Тој бил последен член и претставник на познатото аристократско семејство, [[Алкемениди]]. Алкибијад одиграл голема улога во развојот на настаните во текот на [[Пелопонески војни|Пелопонеските војни (431-404 п.н.е.)]]. Во неколку наврати ја променил политичката приврзаност и стратегија. Во неговата родна [[Атина]] во последните децении на [[5 век п.н.е.|V век п.н.е.]] тој се залагал за агресивна надворешна политика а бил и истакнат поборник за остварување на [[Сицилиска експедиција|Сицилиската експедиција]], но одкакооткако неговите политички противници против него поднеле обвинение за сквернавење, успеале да го одтргнат од политичката сцена во Атина. Тој во 415 г. [[п.н.е.]] преминал во [[Спарта]] каде што служел како стратегиски советник, предложувајќи неколку напади насочени кон [[Атина]]. Но и во [[Спарта]] стекнал политички непријатели и во 412 г. [[п.н.е.]] бил приморан да ја напушти и да пребега во [[Персија]]. Таму служел како советник на [[сатрап]]от [[Тисаферн]] се додека неговите политички приврзаници не го повикале назад во [[Атина]] каде што повторно бил назначен за Атински генерал (стратег), но по неколку години на неговите политички противници им успеало по вторпат да го протераат од [[Атина]].
 
Алкибијад се служел со невообичаени воени тактики, најчесто ги добивал градовите по пат на предавство, подкуп или преговори одколку со опсада. Но неговиот талент на многупати се покажал како вреден за почит и корисен на било кој [[Град-држава|полис]] или држава која го имала во своја служба. Но неговата склоност да си создава моќни непријатели не дозволувала тој да остане на висока позиција подолго време.
Ред 26:
 
Иако идеолошки и политички идеали и принципи не биле една од неговите карактерни одлики, сепак Алкибијад се решил да се стави во улога на демократски водач, и да го стави народното сообрание во негова служба. Алкибијад за првпат се издигнал на висока позиција кога почнал да пропагира поагресивна надворешна политика по потпишувањето на [[Пелопонески војни|Мирот на Никија]] во 421 г. п.н.е. за кој во [[Пелопонески војни|Пелопонеските војни]] по една декада војување двете страни се согласиле и обврзале на одржување на мир помеѓу нив во наредните 50 години. По повод потпишувањето на овој мир, Алкибијад изјавил дека тие "години" најверојатно ќе потраат само неколку месеци. Алкибијад и покрај противењето на неговиот политички соперник [[Никија]], предводник на Аристократската струја во [[Атина]], успеал да го убеди сообранието да склучи договор со [[Град-држава|полисот]] [[Аргос]] на [[Пелопонез]], вечен непријател на [[Спарта]], што за [[Спарта]] значело нова провокација.
Во 418 п.н.е. се одиграла најголемата копнена битка во [[Пелопонески војни|Пелопонеските војни]], [[Битката кај Мантинеја]] во која [[Спарта]] излегла како победник против сојузниците [[Атина]] и [[Аргос]]. 416 п.н.е. Атина пратила флота за опсада на островот [[Мелос]] одкакооткако неговите жители одбиле да се приклучат на [[Делоски морски сојуз|Делоскиот морски сојуз]], и градот бил приморан да се предаде. Народното сообрание изгласало да се изврши погубување на сите машки воени заробеници, а жените и децата да се дадат во ропство, а [[Мелос]] да биде повторно населен со Атински колонисти.
 
===== Сицилиска Експедиција =====
 
Следната година, пратеници од градот [[Сегеста]] на [[Сицилија]] пристигнале во [[Атина]] да побараат воена помош во нивната борба притив најмоќниот град на островот - [[Сиракуза]]. Грчките градови во [[Сицилија]] биле дел од големата мрежа на грчки колонии во [[Медитеран]]от формирани во раното [[железно доба]]. Околу 415 г. п.н.е. [[Сиракуза]] која пак била [[Дорци|Дорска колонија]], се обидувала да го прошири нејзиното влијание на другите градови во [[Сицилија]], што значело дека доколку таа добие супрематија на [[Сицилија]], и [[Спарта]] ќе ја има нивната наклонетост. Покрај фактот што [[Сиракуза]] била сојузник на [[Спарта]], на [[Атина]] и била неопходна поддршка од надвор за самиот нејзин опстанок. За разлика од течението на реката [[Еурота]] која во [[Спарта]] обезбедувала плодни региони, [[Атика]] подолго време се соочувала до недостаток на вегетација и плодно земјиште, поради што тамошното население во урбанизирана средина се соочувало со сериозни недостатоци на многу продукти. Основни производни дејности биле виното и маслинките кои заедно со грнчарските производи биле користени во надворешната трговија, на источниот [[Медитеран]]. Воспоставувањето на нови колонии на плодни региони или стекнување зависност од веќе постоечките, било од големо значење. А [[Сицилија]] под доминација на [[Сиракуза]] во ова време била една од главните извозници на жито во Грчкиот свет. Со [[Сицилиска Експедиција|Сицилиската експедиција]] Алкибијад согледувајќи ја ваквата можност, го изнесол предлогот пред Атинското сообрание, убедувајќи го во поволностите и придобивките од ваквиот подфат. Пролетта 415 г. п.н.е. советит изгласал да се испрати Атинска флота, под здружена команда на Алкибијад и неговиот стар политички непријател [[Никија]]. Но една ноќ за време на подготовките за експедицијата, во Атина се случил скандал одкакооткако Атињаните ги посведочиле резултатите од сквернавење на статуите на богот [[Хермес]], во кое сите [[Херма|херми]] биле вандализирани. Атињаните не само што сметале дека ваквиот акт ја осудува на целосна пропаст Сицилиската експедиција, туку и за негов подтикнувач го обвиниле Алкибијад и неговите пријатели. Судењето било одложено, па Алкибијад со Атинската флота тргнал на [[Сицилиската експедиција]] од пристаништето Пиреј, a неговите противници успеале да го осудат во одсуство за сквернавење на хермите и [[богохулство]] за време на Елеузинските мистерии, и испратат пратеници кои ќе го повикаат назад во Атина да се појави заради спроведување на смртна казна.
 
===== Пребегнување во Спарта и Персија =====
 
Тогаш Алкибијад наместо во [[Атина]], заминал пред спартанскиот совет. Иако на почеток, спартанците го дочекале со недоверба, тој успеал да ги убеди во неговите искрени намери и неговиот план за пораз на [[Атина]]. Со голем напор, Алкибијад го променил имиџот од човек кој ужива во земските задоволства и доживеал трансформација налик на Спартијат. Одел босоног и со груба наметка, дури и уживал во истата т.н. "црна супа" направена од крв, сол и оцет познат специјалитет на спартанската војска. Во врска со случувањата на [[Сицилија]], Алкибијад дал предлог [[Спарта]] да испрати помошни одреди на [[Сиракуза]]. Во меѓувреме [[Никија]] поставил опсада на [[Сиракуза]] и од копно и од море, но одкакооткако спартанците испратиле засилување, работите тргнале во лоша насока за [[Атина]] и била донесена одлука за повлекување. Но Атинската флота била заробена во заливот на пристаништето и единствена опција била испловување на копно. ОдкакоОткако атињаните ги напуштиле бродовите, непријателската војска ги запалила Атинските бродови. Преостанатата 40.000на војска се повлекла во внатрешноста на островот, мртвите останале непогребани а ранетите и болните оставени на секаква немилост. Уморни од глад и жед, армијата се поделила на два два дела, еден предводен од [[Никија]] а друг од Демостен. Демостен со еден дел од војската бил нападнат и принуден да се предаде а [[Никија]] со другиот дел од војската во потрага по вода пристигнале до реката Асинаро, во која многу војници загинале заради нередот кој настанал во обид да се измијат и напијат вода, а од другата страна на брегот ги дочекала војска од [[Сиракуза]], и биле принудени да се предадат. Така завршила [[Сицилиска експедиција|Сицилиската експедиција]] во 413 г. п.н.е.
 
Алкибијад, во [[Спарта]] успеал да ја заведе жената на спартанскиот [[басилеј]] [[Агис II]] додека тој бил отсутен во војна, дури јавно говорел дека детето кое таа го носи и кое еден ден ќе седне на престолот, е негово. ОдкакоОткако добил закани по неговиот живот, Алкибијад пребегал во Персија, во служба на Персискиот [[сатрап]] [[Тисаферн]], и овој пат се трансформирал во брилијантен персиски дворјанин. По кратка служба бил повторно повикан во [[Атина]]. Иако исходот од војната веќе бил очигледен, поради катастрофалниот пораз кај [[Сиракуза]], [[Атина]] повеќе не можела да се бори со исто темпо. Последниот удар го дибила во поморската [[Битката кај Ајгоспотами|битка кај Ајгоспотами]] во 405 г. п.н.е. каде Спартанската флота под команда на [[Лисандар]] ги уништила преостанатите Атински морски сили, поставувајќи опсада на градот по копно и по море, и без достава на храна. Војната била завршена, а Спарта станала [[Хегемонија|хегемон]] на Грција, се додека во 371 година, во [[Битката кај Леуктра]], [[теба]]нскиот генерал [[Епајменонда]] не ставил крај на Спартанската хегемонија.
 
=== Подоцнежни години и смрт ===