Разлика помеѓу преработките на „Прохор Пчињски“

Одземен 1 бајт ,  пред 2 месеци
с
→‎top: Правописна исправка, replaced: себе си → себеси
с (→‎top: Јазична исправка, replaced: постанал → станал (2))
с (→‎top: Правописна исправка, replaced: себе си → себеси)
 
'''Проподобниот отец Прохор Пчински''', подвизувајќи се со добар подвиг во Нагоричанската и Козјачката пустина, се родил за време на царувањето на цар [[Роман IV Диоген|Диоген]]. Родителите на светиот Прохор, Јован и Ана, побожно живееле во Овчеполскиот крај. Тие биле натажени луѓе, бидејќи долго време немале деца. Горејќи од желба за деца, тие усрдно везнесувале молитви кон Бога и многу милостиња давале по црквите и сиромашните. Ана зачнала во староста и родила син, кој на крштението добил име Прохор. Кога Прохор наполнил осум години родителите го испратиле да ја изучува писменоста. Прохор многу напредувал во учењето и со тоа многу ги зарадувал своите родители.
 
Кога Прохор ја изучил книжевната мудрост подобро од своите врсници и станал полнолетен, родителите намислиле да го оженат за да добијат наследници. Но, Прохор не сакал себе сисебеси да се окова во земните окови. Горејќи со љубовен пламен кон Господа, тој жеднеел деноноќно да му служи со умот и срцето, со духот и телото. Затоа ја сакал црквата и нејзините богослужби и секој ден одел на молитва. Слушајќи ги зборовите на на Господа Исуса Христа во Евангелието: Кој го љуби таткото свој или мајката своја повеќе од Мене, не е достоен за Меде; и кој ме љуби Мене, нека го земе крстот свој и нека врви по Мене. – Прохор одлучил да го остави светот и сите светски убавини, па целиот да се посвети на Бога. Излегувајќи од црквата, каде ги слушал овие Господови зборови, тој целиот свој имот го раздал на сиромашните и отишол во пустина, пеејќи заедно со пророкот Давид: Душата моја жедува за силниот и живиот Бог. Како што црната жеднее по ведни извори, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе! (Псал. 41,2,1).
 
Доаѓајќи во нагоричката пустина, Прохор нашол мала пештера и покрај неа мал извор на вода, па тука се населил. Почнал да се подвузува со прекрасен и спасителен подвиг, имајќи го секогаш пред очите на душата Господа Бога. Храната му се состоела од трева и разни растенија. Но, и таа храна ја земал само еднаш на три дена. Со молитвата, пак, секогаш ја нахранувал својата душа. Живеејќи на таков начин, проподобниот поминал во пустината 32 години и за тоа време не видел човечко лице, а се дружел само со ѕверовите кои го посетувале.