Ноќ на вештерките: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Опседнати атракции: Јазична исправка, replaced: фанови → обожаватели
с →‎Келтски влијанија: Правописна исправка, replaced: себе си → себеси
Ред 12:
 
Саун (како и Белтеин (Beltane), (еден од кварталните денови - првиот ден во мај) се сметал време кога „вратата“ од другиот свет се отовара доволно да можат душите на мртвите и други суштества како на пример самовилите, да влеза во нашиот свет. Се сметало дека на Саун душите на мртвите ги посетувале своите домови. Се одржувале гозби на кои душите на мртвите роднини со гест со раката се поканувале да се придружат на гозбата, а на масата се поставувало место и за нив. Lewis Spence го опишува како „гозба за мртвите“ и „празник на самовилите“. Но, исто така се сметало дека на Саун биле активни и лошите духови и самовили. Луѓето преземале мерки како да ги смират или да се одбранат од овие штетни духови/самовили, а ова се смета дека влијаело на денешните костими кои се носат на Ноќта на вештерките. Пред 20 век, на Саун костими се носеле само во делови од Ирска, Ман, Шкотските планини и острови и Велс. Маскирањето можеби потекнува од потребата луѓето да се маскираат пред овие штетни духови/самовили, иако некои сметаат дека маските потекнуваат од христијанските или христијанизираните верувања (погледнете подолу). Во Ирска, луѓето оделе наоколу собирајќи храна за гозбата на Саун, а понекогаш додека го правеле тоа биле и маскирани, односно носеле различни костими. Во 19 век на јужниот брег на Ирска, човек облечен како бела кобила ги водел младите од врата до врата да собираат храна; со тоа што им давале храна домаќините можеле да очекуваат добра среќа од 'Muck Olla'. Во Moray во текот на 18 век, момчињата ги посетувале сите куќи во селото барајќи гориво за големиот оган што се палел на Саун. Модерниот обичај прелажи-или-чести можеби потекнува од овој стар обичај. Но може и да доаѓа од христијанскиот обичај наречен souling (погледнете подолу).
Првањето фенери од тиква (jack-o'-lanterns) на Ноќта на вештерките можеби исто така потекнува од Саун и келтските верувања. Во 19 век во делови од Ирска како и шкотските планини на Саун се правеле фенери од репка, кои понекогаш имале вдлабени лица. Освен што се користеле за да му го осветлат патот на оној што во ноќта на Саун бил надвор, тие исто така ги претставувале духовите/самовилите и/или луѓето ги користеле за да се заштитат себе сисебеси и својот дом од нив. Но, исто така се нуди и варијанта според која истите имаат христијанско потекло.
 
=== Влијание на христијаните ===