Еребица камењарка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Зборовна исправка, replaced: фамилијатасемејството using AWB
додавање референци
Ред 25:
[[File:Perdrix bartavelle MHNT.jpg|thumb|left| '' Alectoris graeca graeca '']]
'''Еребицата камењарка''' (''Alectoris graeca'') е од [[семејство (биологија)|семејството]] на фазаните, [[Ред (биологија)|редот]] на [[кокошковидни]]те. Распространета е во југозападниот дел на [[Азија]] и југоисточна [[Европа]]. Еребицата камењарка ја има и во [[Македонија]].
 
==Опис==
Еребицата камењарка има округол облик, а боите ѝ се слични на боите на камењата. Претежно е сива, со светлокафеав грб, сиви гради и кремава боја на стомакот. Лицето ѝ е бело со црни линии, а на крилјата има коцкасти шарки. Нозете ѝ се црвени. Кога ќе се вознемири, таа претопчита да трча повеќе отколку да лета, но ако е неопходно ќе прелета кратко растојание.
Има должина до 36 см, а [[Распон на крилја|распонот на крилјата]] може да ѝ достигне до 60 см.
<ref>[http://galicica.org.mk/gallery/alectoris-graeca-erebica-kamenjarka// НП Галичица]</ref>
===Живеалиште и размножување===
Оваа еребица живее на суви и отворени места, често во ридест предел. Создава мали јата и не е [[Преселба на птиците|птица преселница]]. По острите и бучни звуци, како „га-га-га-га-чакара-чакара-чакара“, се разликува од сличните на неа птици. [[Птичје гнездо|Гнездото]] го прави на земја, едвај постилајќи некое гранче, и несе од 5 до 21 [[јајце]].