Рене Магрит: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#WPWP #WPWPMK
Ознака: Отповикано
Ред 2:
 
==Творештво==
[[Податотека:MagrittePipe.jpg|мини|''Обмана слика (1928-1929)'']]
 
Сликите на Магрит постигнуваат високи цени на [[Aукциja|аукциите]]. Така, сликата „Надмоќноста на светлината“ (''The dominion of light'') била продадена за речиси 12,7 милиони [[долар]]и на аукцијата одржана во „[[Кристи]]“, а потоа во [[2014]] година, аукциската куќа „[[Сотби]]“ успеала да постигне цена од 12,9 милиони долари за сликата „Прекрасен свет“ (''Le beau monde''). Во [[февруари]] [[2017]] година, „Кристи“ ја понудила за продажба сликата „Чувствителна струна“ (''La corde sensible''), очекувајќи цена од 14 милиони фунти (околу 17,5 милиони долари). Сликата потекнува од [[1960]] година, а на неа е прикажан [[Планина|планински]] пејзаж со [[кристал]]на чаша за [[Шампањ (вино)|шампањ]], во која се наоѓа пена од [[облаци]]. Сликарот ѝ ја подарил сликата на сопругата, а од [[1990]] година, таа се наоѓа во приватна збирка. Со големина од 114 на 146 [[Сантиметар|сантиметри]], таа е една од најголемите слики на Магрит.<ref>„Сликата на Магрит може да достигне 17,5 милиони долари“, ''Дневник'', година XXI, број 6288, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 20.</ref>