Разлика помеѓу преработките на „Хера“

Додадени 40 бајти ,  пред 6 месеци
с
Исправка, replaced: грчката мито → старогрчката мито (3), Грчка митологија → Старогрчка митологија
с (Исправка, replaced: грчката мито → старогрчката мито (3), Грчка митологија → Старогрчка митологија)
 
| Roman_equivalent = [[Јунона]]
}}
'''Хера''' ({{lang-grc|Ἥρα}}) — ќерка на [[Крон]] и [[Реја]], родена е на островот Сем (Арг) и одраснала во [[Аркадија]], каде ја воспитувал [[Темен]], синот на [[Палазг]]. Дадилките ѝ биле годишните времиња. Била прогонета од татка си и Зевс ја пронашол во [[Кнос]], на [[Крит]]. На почеток Зевс ѝ се додворувал без успех, но потоа се престорил во покисната кукавица и таа се сожалила на него, го прернала, а тој ја силувал враќајќи си го својот вистински лик. Таа била врховна божица во старогрчкатастаростарогрчката митологија, божица на бракот, на [[небо]]то во старогрчкатастаростарогрчката митологија. Со врховниот грчки Бог [[Зевс]] таа била мајка на божествените деца [[Арес]], [[Хеб]] и [[Хефест]].<ref>Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 48 - 49.</ref>
 
Хера или Јунона била законска сопруга на Зевс иако му била сестра. Во ликот била најубавата божица претставена со круна на главата, облечена во елегантен фустан стегнат со појас, а носела златни сандали на стапалата. Хера уживала во луксузен накит. Зевс постојано ја изневерувал со многу божици и смртнички за што таа посредно му се одмаздувала, напаѓајќи ги љубовниците или нивните вонбрачни деца што тие му ги раѓале. Важела за заштитничка на женскиот род и на светоста на бракот. Калинката е нејзиниот растителен симбол кој ја означувал плодноста, а светото животно ѝ е паунот.
{{наводи}}
 
{{ГрчкаСтарогрчка митологија}}
 
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Хера| ]]
[[Категорија:Илијада]]
[[Категорија:Кралици во грчкатастарогрчката митологија]]
[[Категорија:Старогрчки божици]]
[[Категорија:Олимписки богови]]