Плутон (митологија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Керера → Церера (2)
сНема опис на уредувањето
Ред 61:
Плутон и Хад имаат различен карактер, но тие не се два различни лика и споделуваат два доминантни мита. Во грчката [[космогонија]], на богот му се паѓа да владее со [[подземје]]то во светот поделен на тројца - брат му [[Зевс]] владетел на небото и другиот брат [[Посејдон]] владетел на морето. Централниот расказ за него е грабнувањето на Персефона која ќе биде негова жена и кралица на неговото кралство.<ref>Hansen, ''Classical Mythology,'', p. 180.</ref> ''Плутон'' како владетел на подземјето за првпат се појавува во [[Старогрчка книжевност|грчката книжевност]] за време на класичниот период, во делата на [[Театарот во Стара Грција|атинските драматурзи]] и на филозофот [[Платон]], кој е најголемиот грчки извор на неговото значење. Под името Плутон, богот се појавува и во други помлку значајни митови, особено во оној за симнувањето на [[Орфеј]] и други јунаци во подземјето.<ref>Hansen, ''Classical Mythology'', pp. 180–181.</ref>
== Митологија ==
{{Римска митологија (рустикална)}}
Најпознатиот мит за Плутон или Хад е грабнувањето на [[Персефона (митологија)|Персефона]]. Најраните книжевни верзии на митот кратко се споменуваат во делото [[Теогонија]] на Хесиод и во проширената приказна на [[Хомер]] (химна на Деметра) каде владетелот на подземјето се именува како адот („скриениот“). ''Плутон'' честопати се меша со ''Плутос'' ([[Грчки јазик|грчки:]] Πλοῦτος, Plutus), богот на богатството, бидејќи богатите минерали се наоѓаат под земја, и бидејќи како хтоничен бог Плутон владеел со длабочините на земјата која го содржи семето неопходно за плодна берба.<ref name=":0" /> Името на Плутон почнало нашироко да се користи со [[Елевзински мистерии|Елефсинските мистерии]], во кои Плутон е љубениот сопруг на Персефона а тие двајцата се двојката на подземјето кои владеат со душите во задгробниот живот. Хад, за разлика од овој опис, во митологијата се прикажува како мрачен и насилен грабнувач на Персефона.