Разлика помеѓу преработките на „Рог на изобилството“

с
→‎top: Правописна исправка, replaced: Деа → Деја
с (→‎top: Правописна исправка, replaced: Деа → Деја)
'''Рог на изобилството''' или '''корнукопија''' ([[лат.]] ''Cornu Copiae'') е симбол за храна и изобилство кој датира од [[5 век п.н.е.]]. Наречен е и „рогот на Амалтеја“.
 
Во [[грчка митологија|грчката митологија]], [[коза]]та [[Амалтеја]] го одгледала [[Зевс]] со своето млеко. Подоцна тој му дал моќ на рогот од него да може да извираат секакви богатства. Ова е симбол на разни божества, меѓу кои [[Помона]], [[Фортуна]], [[Бона ДеаДеја]] и други кои се прикажани со рогот. Еве како гласи митот:
 
:''Бидејќи не можела да биде постојано покрај него, [[Реја (митологија)|Реја]] уредила кога ќе заплаче <nowiki>[</nowiki>[[Зевс]]<nowiki>]</nowiki> по храна, една прекрасна коза, [[Амалтеја]], да му ги нуди своите бујни боски. Така Зевс растел брзо и станувал силно и здраво дете. Кога еден ден си играл со Амалтеја, тој толку силно ја зграпшил за едниот рог, што ѝ го скршил. Козата започнала тажно да блее: „Меее! Меее!“ Тогаш Зевс многу ја сожалил, па затоа ѝ ветил дека кога ќе го прогони [[Хронос]] од престолот и кога тој ќе стане цар на светот, ќе направи така што скршениот рог на Амалтеја да добие чудотворна сила, имено, од него да течат како од некоја бујна река сите богатства на светот: житото, млекото, медот, почестите, славата и сѐ што е најубаво! Блажен ќе биде тој на кого ќе му припадне тој рог!''“<ref>''Грчки митови: избор, превод и адаптација од грчкиот оригинал'', [[Паскал Гилевски]], Скопје, Силсонс, 2001, стр. 19</ref>