Воен конфликт во Македонија (2001): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
донациите нема потреба во инфокутија, цивилните жртви си ги избришал, не ги сфаќам промениве зашто?
Ознака: Рачно отповикување
Нема опис на уредувањето
Ред 44:
== Албанците во Македонија ==
{{Главна|Албанците во Македонија}}
Албанците се најголемото етничко малцинство во [[Република Македонија]]. Тие главно се населени во северозападниот дел на Македонија. Најмногубројните албански заедници се сконцентрирани во областите околу [[Тетово]] (околу 70%), [[Гостивар]] (66%), [[Дебар]] (58%), [[Струга]] (56%), [[Кичево]] (31%), [[Куманово]] (25%) и [[Скопје]] (20%)<ref>[http://www.stat.gov.mk/pdf/kniga_13.pdf 2002 Census results]</ref>. Бројноста на албанското население во [[Република Македонија]], започнувајќи од [[1948]] година, постојано се зголемува{{факт}}. Според официјални податоци, Албанците во Македонија во [[1953]] година биле 10%, во [[1971]] година 17%, во [[1991]] година 21%<ref name="Ortakovski">Vladimir Ortakovski (2001): Interethnic relations and minorities in the Republic of Macedonia, Sts. Cyril and Methodius University, Skopje {{en}}</ref>. Како резултат на потребата за поткрепување на сопствените политички цели некои Албанци тврдат дека во [[Македонија]] живеат околу 30% Албанци од вкупното население, а од друга страна, од истите причини, некои Македонци, исто така, тврдат дека застапеноста на оваа етничка заедница значително помала и изнесува под 20% од вкупното население<ref>[http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=8988 Академик Блаже Ристовски за Вечер: Во Македонија нема 20 отсто етнички Албанци!]</ref>.
 
[[Податотека:Makedonski_Vojnik.jpg|десно|мини|Македонски војник за време на воениот конфликт во Македонија]]
Ред 149:
 
== Прекинување на огнот и разоружување ==
Со потпишување на [[Охридски рамковен договор|Охридскиот рамковен договор]], бунтовниците се согласиле на примирје во [[јуни]], но и покрај тоа бунтовниците продолжиле со препукувања врз целите на македонската полиција. Директни подписници на Охридскиот договор се македонските власти, предводени од претседателот [[Борис Трајковски]] и премиерот [[Љубчо Георгиевски]] и водачот на опозициската [[СДСМ]], [[Бранко Црвенковски]], и албанската страна предводена од [[Арбен Џафери]] и [[Имер Имери]], како и [[Франсоа Леотар]] (претставник на Европската Унија) и [[ЏемсЏејмс Пердју]] (Медијатормедијатор од [[САД]])<ref name="Вест: Потпишан мировниот договор">[http://star.vest.com.mk/default.asp?id=13080&idg=2&idb=330&rubrika=Makedonija Вест: Потпишан мировниот договор]</ref>. Со овој договор, на албанското население кое живее во [[Република Македонија]] му биле ветени поголеми права, кои вклучуваат: подигање на албанскиот јазик за службен јазик во државата, зголемување на бројот на етничките Албанци во управувањето и администрацијата на државното управување, во полицијата и армијата, како и донесување на нов план за децентрализација.
 
Од друга страна, албанските претставници се согласиле да се откажат од секакви сепаратистички учества и да ги признае сите македонски институции. Во однос на ова, албанските припадници на [[ОНА]] биле разоружени од страна на [[НАТО]] пактот<ref>[http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=1306 А1 Телевизија: Целосно разоружување на терористите]</ref>. Оваа операција на разоружување официјално започнала на [[22 август]] и ефективно завршила на [[27 август]]. Во таа мисија учествувале околу 3.500 војници од [[НАТО]] пактот и од македонската полиција. Оружјето на [[ОНА]] било уништено. По завршување на оваа операција, [[Али Ахмети]] на пресконференција во [[Шипковица]] изјавил дека ја распушта Ослободителната Национална Армија.
 
Но, вооружениот конфликт не застанал, туку продолжил и во наредните месеци. На [[12 ноември]] [[2001]] година, од страна на вооружени етнички Албанци биле убиени тројца припадници на македонската полиција<ref>[http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/1650954.stm "Macedonia police killed in ambush"], ''[[BBC]]'', [[November 12]], [[2001]]</ref>.
 
== Жртви и раселување ==
На [[25 декември]] [[2001]] година, Алтернативната информациона мрежа<ref>[http://www2.iisg.nl/id/Systematik.asp?cat=8&id=107 "AIM overview"], and [http://www.humanrights.coe.int/media/activities/stability%20pact/2000/table.htm "AIM listings on the Council of Europe programmes, 2000-2001"], ''[[Stability Pact for South Eastern Europe]]''</ref>, објавила дека вкупниот број на жртви од страна на македонските безбедносни сили е 72. Албанската страна никогаш официјално не ги објавила, но се претпоставува дека нивниот број бил околу 30003.000 мртви.{{факт}} Според “Бела„Бела Книга“, издадена од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, бројот на загинатите припадници на полицијата во вооружените дејства бил 15 жртви и 150 повредени<ref>„Бела Книга - Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 145, стр. 148 стр. 149 и стр. 150</ref>, на старешини и војници на Армијата на Република Македонија 43 жртви и 119 повредени<ref>„Бела Книга - Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 146, стр. 147 стр. 152, стр. 153, стр. 154</ref>. Според истите извори, бројот на цивили убиени во конфликтот од страна на [[ОНА]] бил 10 жртви и 75 повредени<ref>„Бела Книга - Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 155, стр. 156 стр. 157, стр. 153, стр. 154</ref>, додека бројот на физички нападнати и измачувани граѓани од страна на ОНА бил 20<ref>„Бела Книга - Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 158</ref>, а бројот на киднапирани и исчезнати лица околу 20<ref>„Бела Книга - Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 159</ref>.

До [[август]] [[2001]] година, бројот на раселените лица од војната бил 170.000, од кој 74.000 внатрешно раселени. Веќе во [[2004]] година, нивниот број се намалил на 2600.<ref name="Вест: Потпишан мировниот договор"/>
 
== Наводна вмешаност на Ал Каеда и останати терористи во конфликтот ==