Јозеф Хајдн: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Гудачки квартети на Хајдн: Правописна исправка, replaced: и т.н. → итн.
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: пеач → пејач
Ред 9:
 
== Животопис ==
Хајдн се родил во [[1732]] год. во местото Рорау - австриско село на тромеѓето помеѓу Австрија–Унгарија-Хрватска. Токму поради фактот што во тој дел од Австрија има бројно хрватско население, а и поради тоа што во делата на Хајдн се среќаваат хрватски народни напеви, хрватскиот музиколог Фрањо Кухол кон крајот на 19 век го изнесува фактот дека Хајдн потекнува од Хрватска. Меѓутоа подоцнежните испитувања утврдиле дека сепак тој е од Австрија, иако хрватскиот фолклор има огромно влијание врз неговато творештво. Уште како дете Хајдн ги добил првите инструкции по свирење на [[чембало]], [[виолина]] и пеење.Во [[1740]] год. оди во Виена, каде пристапува кон детскиот хор на школата „Св.Стефан“. Во 17 г. поради мутирање на гласот тој излегува од хорот и се снаоѓа на свој начин во музичкиот живот на Виена. Настапува во разни хорови, свири во оркестри и започнува да пишува пократки творби, [[менует]]и и свадбени маршеви. Во тоа време пристапува кон приватната школа на италијанскиот композитор Никола Порпора, каде што Хајдн многу научил од композиторската техника. Тогаш тој стапува во служба на кнезот Паул Естерхази - унгарски аристократ на чиј двор ќе работи повеќе од 30 г. Таму настануваат бројни дела меѓу кои: околу 60 симфонии, 40 гудачки квартети, 30 клавирски сонати итн. Обврските на Хајдн во дворот биле строго зацртени со утврдениот договор на кнезот и композиторот. Тој морал да внимава на уредноста и дисциплината на сите членови на оркестарот, како и на пеачитепејачите, да ги решава сите спорови меѓу нив, да биде одговорен за инструментите, потоа да компонира по желба на кнезот и да дава часови по музика, како и да ги подготвува сите музички приредби на дворот, а тие биле многубројни, бидејќи секоја недела таму се прикажувале по 2 опери и 2 концерта, како и посебни приредби во чест на високите гости во дворот. Таму Хајдн ја поминал својата вистинска композиторска школа. Неговиот благ карактер и љубезно постапување со сите присутни,предизвикал општа симпатија, така што членовите на оркестарот го нарекувале ; папа Хајдн; т.е татко Хајдн. Големината на тој карактер ја гледаме и во фактот што Хајдн отворено ја признал величественоста на [[Моцарт]], кога во [[1787]] год. добива нарачка за една опера во [[Прага]], која нарачка ја одбива предавајќи ја на Моцарт со зборовите дека тој е најголем композитор на векот, а Моцарт, благодарејќи му на Хајдн го пишува своето ремек дело-операта „Дон Џовани“. Напуштајќи ја службата кај Есерхази, Хајдн влегува во последниот период од својот живот во кој централни настани се двете патувања во Лондон. Во англиската престолнина Хајдн доаѓа во допир со нејзиниот развиен музички живот и големите претставници на англиската култура. Таму ја добива титулата (Оксфорд), почесен доктор на музичката уметност, а на враќањето во Виена преку Бон, го запознава [[Бетовен]], кој подоцна ќе стане негов ученик. Последните години од животот, Хајдн ги поминува во Виена исцрпен од прекумерната работа, а влегувањето на Наполеоновите трупи во Виена предизвикале голема возбуда, која не можел да ја преболи. Умира во 1809 г.
 
Опусот на Хајдн е богат и разновиден. Во него среќаваме 104 симфонии, 4 концерти за пијано и оркестар, 3 коцерти за виолина, 2 концерти за виолончело, 77 гудачки квартети, 25 пијано – триа, 21 гудачко трио, 12 сонати за виолина, повеќе од 50 сонати - фантазии И варијации за пијано, повеќе од 200 творби за инструментот наречен баритон, на кој често свирел кнезот Никола Екстерхази, 3 ораториума, 14 миси, 2 реквиеми и други духовни творби, повеќе од 24 опери и оперети, 40 соло песни и многубројни обработки на народни песни од Шкотска и Велс.