Рудник „Саса“: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Отповикано Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Отповикано Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 10:
Првата електрична светлина во рудникот засвете на 13 јануари 1959 година, со доведувањето на електрична енергија по изградениот далновод од [[Тораница]] до САСА. Работите под доста тешки услови ги извела група електричари од „Злетово”, под раководство на Нанче Илиевски.
 
Флотацијата со годишен капацитет од 500.000 тони руда, свечено ја предал во употреба тогашниот претседател на собранието на [[Социјалистичка Република Македонија|СРМ]], другарот [[Благоја Талески]], на 28 август 1974 година.¹³
 
Само три месеци по одредувањето на првите копачи во потрагата по рудното богатство, поточно во септември 1954 година, со само четири членови, беше основана првата организација на сојузот на комунисти, а за нејзин секретар е избран Диванис Веселиновски, вработен како пробар во јама. Таа била основен, можеби и единствен двигател на акциите за обезбедување макар и минимални услови за работа и живеење на рударите. Исто така била иницијатор и организатор на првата прослава на 28 август, денот на македонските рудари во 1956 година, кој ден од тогаш редовно се прославува на најсвечен начин.²
 
Рудникот од 2017 година е во сопственост на рудникот „Централ Азија Металс“.<ref name="СКМ" /> Почетното годишно производство при неговото основање било 300.000 тони сува олово-цинкова руда; во 2015 година, рудникот имал годишно производство од околу 780.000 илјади тони, од кои 7,5% олово-цинков концентрат;<ref name="Саса">{{наведена мрежна страница|url=https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/01/Netehnikcko-rezime_EIA_Rudnik-SASA_Hidrojaloviste-br.4.pdf|title=Студија за оценка на влијание врз животната средина на проект: „Изградба на хидројаловиште бр. 4 на рудник „Саса“ - Македонска Каменица“ |publisher=Рудник „Саса“|language=македонски|accessdate=3 февруари 2021|location=Скопје|year=2016|page=2}}</ref> а во 2020 година неговото производство надминувало над 800.000 илјади тони годишно. При производството на минерални суровини, во рудникот просечно се произведуваат околу 30.000 тони олово и околу 23.000 тони цинк во одделни метални концентрати годишно. Во рудникот се вработени околу 700 лица.<ref name="СКМ" />