Еоцен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#WikiForHumanRights
с →‎top: Правописна исправка, replaced: Тетис → Тетида (5)
Ред 3:
Епохата еоцен е позната како „мезонумулитик” бидејќи во неа нагло се развиваат [[нумулити]]те. Траел околу 20 милиона година. Растителни видови од мезозоикот изумираат, а застапени се семејствата на жбунести тропски растителни заедници: [[Proteacea]], [[Amentacea]], а најзастапени родови се ''[[Eucalyptus]]'' и палми (''[[Кокосова палма|Cocos]]'', ''Phoenix''). Заедниците од умерениот појас сè уште се ретки (''[[Quercus]]'' и ''[[Pinus]]''). Цицачите снажно се развиваат, се јавуваат првите претставници на [[коњи]] со висина на [[волк]], први [[елени]], [[тапири]], [[волови]] и први [[торбари]] и [[месојади]]. Во морињата живеат нумулити, [[полжави]], [[школки]] од кои некои и денес живеат во тропските мориња.
 
Еоценот врз основа на седименти од [[Паратетис]] бил поделен на долен, среден и горен еоцен. Во еоценот се јавуваат две области на развој: северен (во областа на Северното и Аралско-туркестанското Море) и јужен (преостанатиот дел од ТетисТетида). Во северниот дел седиментите се претставени со песоци, варовници, дуни и лапорци. За време на еоценот, ТетисТетида го покрива поголемиот дел на Европа. Еоценските седименти учествуваат во градбата на Јадранското Приморје. во долниот еоцен таложени се милолски варовници, во средниот алвеолински, а во средниот и горниот нумулитски варовници.
 
Алпската орогенеза засилено продолжува. Во еоценот се одвива пиринејската фаза, како една од најзначајните во текот на орогензата. Во текот на оваа фаза најзначајни се набирањата во Пиринеите. ТетисТетида ги поплавува просторите на југот на Европа и пошироко на север до Карпатите, Кавказ и преку Провансалскот Залив се поврзува со Северното Море. Магматизмот оживеал како и вулканизмот во Северозападна Европа. ТетисТетида нагло е зголемен кон север. Во Европа и понатаму се одржува Северното Море кое на исток е поврзано со Аралско-туркестанското Море, а со Провелинскиот Залив и со ТетисТетида. Во распоредот на континентите нема поголеми промени. Континетите на јужната хемисфера ги вообличуваат своите контури. Со пиринејската фаза некои планини настанати со ларамиската фаза се снижени и расчленети. Денудацијата и ерозијата се намалени. Реките во Европа се насочени кон Северното МОре, реките од Северна и Јужна Америка кон Атлантскиот Океан, а реките од Азија кон Аралско-туркестанското Море и Големиот Океан. Климата е азонална и променлива. Вегетацијата укажува на влажна и топла клима. Од минералните суровини најчести се [[каустобиолити]], [[нафта]] и [[јаглен]] ([[Романија]], [[Албанија]], [[Еквадор]], [[Перу]], [[Тексас]]...)
 
== Поделба ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Еоцен