Тесноносни мајмуни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Бришење на "Stump-Tailed_Macaque.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на [[commons:User:Srittau|Srittau]
с Додадена категорија
Ред 28:
* [[Човеколики мајмуни|хоминоиди]] (''Hominoidea'') — виши мајмуни, во кои систематски припаѓа и [[Човек|модерниот човек]].
 
Сите тесноносни мајмуни се дневни животни. За сите е карактеристична сложена социјална организација. Речиси сите тесноносни, освен [[толстотели]]те, имаат тесна [[нос]]на преграда, а ноздрите се насочени надолу. Големината на телото се движи од 35  cm (''[[Callibella humilis]]'') до 175  cm ([[горила]]). Мозокот е добро развиен. Забите се 32 на број. Приматите се исхрануваат најмногу со мешана храна од која преовладува растителната, поретко се инсектојадни. Поради мешаната исхрана, [[желудник]]от кај нив е едноставен. Забите се од четири типа — секачи, песјаци, предкатници и катници; катниците се со 3-5 запци. Кај приматите постои целосна смена на забите — од млечни во трајни. Имаат грлени торбички. Опашката кај повеќето е долга, но таа никогаш не се користи за фаќање на гранките или други објекти (т. е. таа не е [[Прехензија|прехензивна]]). Кај некои претставници ([[лапундер]], [[мандрил]]) опашката е кратка или отсуствува ([[магот]], човеколик мајмун).
 
Приматите поседуваат добро развиени петпрсни фаќачки екстремитети кои се приспособени за движење по гранките на дрвјата. За сите примати е карактеристична сличноста на [[Клучна коска|клучната коска]] и целосното раздвојување на [[Лакотна коска|лакотната]] и [[Палечна коска|палечната]] коска, што ја овозможува подвижноста и разновидноста на движењата кои може да се изведат со предните екстремитети. [[Палец]]от е подвижен и кај многу видови може да биде поставен спротивно на останатите прсти. Краевите од фалангите на прстите се снабдени со [[нокт]]и. Кај тие форми на примати кои имаат канџовидни нокти или поседуваат канџи на прстите, палецот секогаш има зарамнет нокт. Влакнестиот покров на телото и некои региони од кожата понекогаш се светло обоени. Кај нижите тесноносни мајмуни постојат лицеви торбички и седални перничиња. Тие се распространети во Африка и Азија на [[Арапски Полуостров|Арапскиот Полуостров]], во Јужна и [[Југоисточна Азија]], [[Кина]] и [[Јапонија]]. Еден вид на тесноносен мајмун, магот, се среќава дури и во Европа (Гибралтар). Живеат во стада или семејни групи.
 
== Надворешни врски ==
Ред 38:
 
[[Категорија:Тесноносни мајмуни|*]]
[[Категорија:Мајмуни]]