Стоматолошки факултет - Скопје: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Одбиени последните 6 промени (од 88.85.115.7) и ја поврати преработката 4493836 на Bjankuloski06
Ознаки: Заменето Рачно отповикување
 
Ред 13:
|website= [http://www.stomfak.ukim.edu.mk/ www.stomfak.ukim.edu.mk]
}}
'''Стоматолошкиот факултет''' при Универзитетот[[Универзитет „Св. Кирил и Методиј“|универзитетот Св. Кирил и Методиј]] во Скопје е прва јавна високо­образовна установа во Македонија која врши високообразовна, научна и приме­ну­вачка дејност од областа на стоматологијата[[стоматологија]]та.
 
== Надворешни врски ==
== '''Историјат''' ==
Осврнувајќи се кон минатото, трагајќи по архивските материјали, податоци и сведоштва за историјата на македонската стоматологија, денес, по 60 години, забележуваме дека нема доволно документи кои ќе посведочат за трудот и ентузијазмот на основоположниците на стоматологијата. Ќе се обидеме да ги забележиме достапните податоци за развојот на македонската стоматологија, како од аспект на клиничката пракса, така и од аспект на едукацијата на потребните кадри за овој дел од здравствениот систем.
 
Записите кои сведочат за првите зачетоци на организирано школување на кадри кои ќе се грижат за здравјето на населението во нашата земја, бележат дека во 1945 година бил мобилизиран и организиран постојниот малоброен кадар и бил спроведен курс за проверка на знаењата и за оспособување на лица кои пред војната работеле во приватни ординации и заботехнички лаборатории, но биле без формални квалификации. Всушност, пред Втората светска војна, јавна стоматолошка служба речиси и немало, освен 2-3 јавни пунктови каде што забните лекари работеле по неколку часа, додека останатото време ординирале во своите приватни ординации. Неколкумина забни лекари кои работеле завршиле одонтолошки студии во странство, но имало и неколку лекари специјалисти по болести на устата и забите кои звањето го стекнале специјализирајќи, по завршувањето на медицинските студии. Освен тоа, уште неколку забари-дентисти и извесен број забни техничари ја сочинувале фелата која се занимавала со забоздравство.
 
Веќе во 1945/46 година е отворена првата школа за забни техничари под раководство на д-р Методија Тројачанец. Наредната 1947 година е отворено државно училиште за забари, раководено од д-р Милева Златановиќ, а во наставата се вклучени д-р Васил Фиљански, д-р Димитар Смилев, д-р Никола Шајбер, д-р Димитар Железаров, д-р Вера Калпакова, како и дентистите Љупчо Делов, Чочков, Милошевиќ, Чаникијан, Блајер и други. Забните техничари со двегодишно образование, како и првите три генерации забари, се првите школувани кадри за забоздравствена заштита на популацијата во Северна Македонија.
 
На овие пионери на стоматологијата подоцна им се приклучуваат стоматолози дипломирани во Белград или други факултети и тие се вклучуваат не само во здравствената заштита, туку и во едукацијата на идните кадри.
 
Првиот студент од Македонија кој дипломирал на Универзитетот во Белград и се вработил во Скопје, во 1953 година, е д-р Димитар Дуљанов. Веќе во 1954 година респектибилен број на дипломирани стоматолози се вклучуваат во јавната служба, со што забоздравствената заштита квалитативно се менува и поминува во стоматолошка служба.
 
По формирањето на Медицинскиот факултет во Скопје во 1947 година, во учебната 1948/49 година е основана Клиниката за усни, забни и вилични болести, што претставува прв сигнал за потребата од организирана и стручна стоматолошка заштита во Република Северна Македонија.
 
Почетокот на Клиниката датира од 1948 година кога е сместена во приземна барака со четири простории, а потоа се дополнува со една монтажна барака со заботехнички лаборатории и во 1949 година се именува во Клиника за усни, забни и вилични болести. Во 1951 година е оформен стационар со 12 болнички кревети кој во 1956 година се зголемува на 22 болнички кревета, а во истата година се отвора и Одделение за регулација на вилици и заби. Во 1958 година стационарот се преселува во западниот партер и подрумските простории на Хируршката клиника, при што, покрај него се врши и поликлиничка дејност: конзерватива, протетика, ортодонција и болести на устата.
 
Почетоците на стоматолошкото високо образование се означени со првите часови по предметот Стоматологија за студентите по медицина на Медицинскиот факултет, одржани во 1952 година од страна на тогаш доц. д-р Димитар Смилев. Истата година почнуваат и првите часови на практична настава по стоматологија за студентите по медицина. Во 1954 година, на Клиниката, покрај доц. д-р Димитар Смилев и д-р Димитар Железаров се вработуваат д-р Иван Тавчиовски, д-р Невенка Томчева, д-р Иван Минев, д-р Звонко Котник, д-р Ѓорѓи Симов и д-р Војтех Санто. Овие кадри се усовршуваат во Белград, Загреб и Љубљана.
 
Соочувајќи се со недостиг од кадар кој ќе одговори на стоматолошките проблеми на населението, комисија составена од проф. д-р Јожа Рант од Стоматолошкиот факултет во Љубљана, проф. д-р Лаза Петровиќ од Стоматолошкиот факултет во Белград и доц. д-р Смилев, го подготвуваат предлогот за формирање на Оддел за стоматологија во рамките на Медицинскиот факултет во Скопје.
 
Народното собрание на НРМ, на 19 јуни 1959 год. донесува Закон за основање на Оддел стоматологија при Медицинскиот факултет во Скопје и, во 1959/60, била запишана првата генерација од 37 студенти на Одделот за стоматологија при Медицинскиот факултет со наставен план и програма во траење од 8 семестри. За наставна база на Одделот била користена Клиниката за усни, забни и вилични болести со три предмети: Дентална (орална) хирургија, Максилофацијална хирургија и Ортопедија на вилици и заби. Прв наставник на трите предмети бил управителот на Клиниката за усни, забни и вилични болести, тогаш доц. д-р Димитар Смилев, а истовремено биле формирани и два института. Потоа се избрани наставници за стоматолошка протетика, д-р Димитар Железаров, и за Дентална патологија и терапија, Болести на устата и Детска стоматологија, одговорен наставник бил доц. д-р Иван Тавчиовски. Во наставата учествувале и асистентите Ѓорѓи Симов и Невенка Томчева. За базичните предмети наставата ја изведувале кадрите на Природно – математичкиот факултет, за општомедицинските и за медицинските, наставниците на Медицинскиот факултет.
 
Стоматолошкиот одбор при Наставно-научниот совет на Медицинскиот факултет (проф.д-р Д. Смилев, доц.д-р Иван Тавчиовски, проф. д-р А. Андреевски, проф. д-р П.Караѓозов, проф.д-р Ј.Панов), поради просторната стеснетост на Одделот за забоздравствена заштита кој истовремено бил активно вклучен во наставата на Факултетот, донел одлука за изградба на нов објект.
 
Вежбите по предметите претклиничка протетика, клиничка протетика, дентална патологија, детска и превентивна стоматологија и болести на уста, првата генерација студенти ги изведувала во поранешниот Хемиски институт, а потоа следните генерации во изградениот наменски објект наречен „провизориум I“( учебната 1962/63 година). На Клиниката за усни и вилични болести се изведувала практичната настава по дентална хирургија, стоматохирургија, ортопедија на заби и вилици и стоматолошка рендгенологија, и студентските вежби за медицинари по предметот стоматологија. Зголемените потреби за наставата наложиле, во 1964 година, по земјотресот, да се изгради и „провизориум II“.
 
Првата генерација на дипломирани студенти по стоматологија на Стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет во Скопје дипломирала во 1963/64 година, кога се бележи и пораст на бројот на запишани студенти. Имајќи предвид дека во тој период , иако кусо, било можно и вонредно студирање, била неопходна помош во наставата за што биле ангажирани и кадри од Медицинскиот и од Стоматолошкиот факултет во Белград (проф. д-р Иван Бикар, проф. д-р Милисав Теодосијевиќ, проф.д-р Драгољуб Џајиќ и проф. д-р Милутин Кремжар). Во овој период биле ангажирани нови кадри, д-р Илија Васков, д-р Благородна Лазаревска, д-р Љубинка Нечева, д-р Стојан Петровски, д-р Теменуга Симовска, д-р Васил Галев и д-р Симка Серафимова.
 
Во 1965 година, Клиниката за усни, забни и вилични болести, во којашто биле интегрирани двата института: Институт за стоматолошка протетика и Институт за конзерватива, прераснува во Стоматолошки оддел при Медицинскиот факултет, со следниве одделенија: максилофацијална хирургија (стационар со 28 кревети), орална хирургија, стоматолошка протетика, дентална патологија и терапија, болести на устата, ортодонција, детска и превентивна стоматологија, рендген-одделение, заботехнички лаборатории и механички сервис (всушност ја формираат Стоматолошката клиника при Медицинскиот факултет).
 
Паралелно со додипломската настава започнува процесот на едукација на првите специјализанти по стоматологија. Во учебната 1965/66 биле одобрени првите специјализации по стоматологија, и тоа ортодонција со протетика. Прв специјалист е д-р Ѓорѓи Симов, подоцна редовен професор на Катедрата за фиксна стоматолошка протетика. Како што се менувале студиските програми за додипломската настава, така се менувал и овој вид на едукација, и во 1970 година, според утврден Правилник, специјализациите се изведувале како тригодишен турнус и завршен специјалистички испит. Деталите за наставните програми, како и биографските податоци за доајените на стоматологијата се зачувани во јубилејните монографии и претставуваат трајно наследство на генерациите кои доаѓаат. Во периодот на 70-тите и 80-тите години на минатиот век, работат и творат втемелувачите на современата стоматологија, кои го трасираа патот на самостоен растеж во рамките на македонската медицина.
 
Стручниот кадар учествувал на конгреси на Македонското лекарско друштво, а стручните сооопштенија ги објавувале во Македонскиот медицински преглед.
 
Во 1967 година, формираната Стоматолошка секција при Македонското лекарско друштво го организира историскиот I собир на стоматолозите од Македонија, во Катлановска Бања. Оваа секција прераснува во Здружение на стоматолозите од Македонија, и подоцна во Македонско стоматолошко друштво, најстар репрезент на стоматолозите во нашата земја, но и надвор од нејзините граници.
 
Покрај наставната и здравствената, се развива и научно-истражувачката дејност и во учебната 1973/74 започнува редовна настава за првите студенти на магистерски студии во траење од четири семестри. Научниот степен магистер по стоматолошки науки, во 1976 година, со одбрана на магистерскиот труд, одбранет на Стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет, прва го добила д-р Љупка Димкова, подоцна проф. д-р Љ. Матовска.
 
Првиот доктор на стоматолошки науки во Републиката е проф. д-р Томе Туџаров, кој звањето го стекнува во Белград.
 
Во 1979 година, на Стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет била одбранета првата докторска дисертација од областа на стоматологијата, од д-р Марија Накова, подоцна редовен професор на Катедрата за болести на устата и пародонтот.
 
Потребата од ширење на стручно-научните сознанија преку свое гласило се остварува во 1977 година кога излегува од печат првото стручно списание на стоматолозите од Македонија – Македонски стоматолошки преглед. Прв главен и одговорен уредник е проф. д-р Иван Тавчиовски кој заедно со неговиот заменик, проф. д-р Благородна Лазаревска и редакцискиот одбор ја втемелуваат македонската периодика.
 
Истата година, 1977 година, била основана првата самостојна библиотека, а во записите од историјата го наоѓаме името на проф. д-р Љупка Матовска ( тогаш асистент) како одговорна за овој значаен сегмент во едукацијата.
 
Во 1977/78 година, Стоматолошкиот оддел прераснува во Стоматолошки факултет, кога е избран првиот декан на Факултетот, проф. д-р Иван Тавчиовски и првиот продекан, проф. д-р Благородна Лазаревска. Веќе формираните осум одделенија прераснуваат во осум катедри на стоматолошките предмети. Востановена е организацијата на Факултетот и неговите тела, и првата редовна седница на Наставно-научниот совет била одржана на 3 јули 1979 година. Кадровската екипираност, изразена со бројки, била: 6 редовни професори, 13 вонредни, 9 доценти, 1 универзитетски предавач, 25 асистенти, 6 помлади асистенти и 18 доктори стоматолози.
 
Стоматолошкиот факултет во 1980 година се преобликува во посебна организација со две наставни бази: ООЗТ Стоматолошки клиники и ООЗТ Максилофацијална хирургија. Деканатот на Факултетот го сочинува посебна Работна заедница, Секретаријат.
 
Факултетот, од самиот негов почеток до денес, перманентно води грижа за усовршување на кадрите, по пат на едукации во земјата и странство, како и по пат на гостувања на предавачи од реномирани светски центри.
 
Неопходноста од постојано следење на новитетите во стоматологијата во посебно организирана форма датираат од 1989 година, кога проф. д-р Ефтим Мирчев, по повод одбележувањето на 30-годишнината на Стоматолошкиот факултет, ја востановува првата континуирана едукација, симпозиум под наслов „Научни достигнувања во стоматологијата“.
 
Во средината на деведесеттите години, двата објекта кои биле изградени како наставни бази на Факултетот се одделуваат и му припаѓаат на Министерството на здравство.
 
Денес, Факултетот, својата високообразовна, научно-истражувачка и применувачка, односно високостручна здравствена дејност, како единствена функционална целина ја врши во наставните бази и тоа на претклиниките и клиниките во состав на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“- Скопје и во состав на ЈЗУ Универзитетска клиника за лице, вилици и врат – Максилофацијална хирургија ,,Aкадемик Илија Васков”, кои претставуваат наставни бази на Факултетот.
 
На Стоматолошкиот факултет во Скопје постојат седум катедри: Катедра за болести на устата и пародонтот, Катедра за болести на забите и ендодонтот, Катедра за стоматолошка протетика, Катедра за орална хирургија, Катедра за ортодонција, Катедра за детска и превентивна стоматологија и Катедра за максилофацијална хирургија. Наставно-научниот кадар на Стоматолошкиот факултет од април 2010 година е со двоен работен однос, како на Факултетот, така и на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ и Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат -Максилофацијална хирургија „Академик Илија Васков“.
 
Во изминатиот период се вложуваа напори за санација на амфитеатрите на Факултетот, како и адаптирање на просториите во кои се изведува наставата – училници во стариот објект на Деканатот и на Клиниката за максилофацијална хирургија. Денес, амфитеатарот на Стоматолошкиот факултет е потполно реновиран, опремен со современи аудиовизулени средства за изведување на наставата, потполно реновирана и соодветно опремена за настава е и училницата во стариот Деканат. Кога станува збор за осовременувањето на капацитетот на Стоматолошкиот факултет, за одбележување е потполното реновирање на просториите каде што се изведува практичната настава од претклиничките протетички предмети, како и од областа на денталната патологија, но и повторното активирање на биохемиската лабораторија.
 
По периодот на стагнација на Библиотеката, таа е повторно активна, реновирана, и претставува катче каде што сите студенти, специјализанти и наставно-научниот кадар можат да ги користат нејзините придобивки, вклучувајќи го и бесплатниот пристап до базата Hinari.
 
Во фокусот на интерес на вработениот кадар на Стоматолошкиот факултет, пред сѐ, се студентите, нивната едукација, во чекор со современите едукативни постулати, како и начини на пренос и проверка на знаењето, особено залагајќи се за стекнување практични вештини кои ќе овозможат дипломираните кадри да се вклопат во барањата на струката во земјата и странство. Најстариот Стоматолошки факултет во нашата земја е посакувана студентска дестинација, за што сведочи бројот на запишани студенти од неговото основање до денес, како за домашни, така и за странски студенти. Од 1959 година до 2019 година дипломирале 4 608 студенти на студиската програма за доктори по дентална медицина.
 
Во годините на постојан раст на наставно-научната дејност и активност, особена грижа се води не само за квалитетот на наставата, туку и за почитување на академската слобода.
 
Не помалку значајно е ширењето на научните дострели на македонската стоматологија ширум меридијаните, преку бројните презентации на семинари, конгреси, како и престои во релевантни научни центри.
 
Истовремено, Факултетот е база која продуцира кадри кои високопрофесионално се грижат за оралното здравје на населението, како за време на студиите, така и по дипломирањето. Горди сме што дел од студентите кои го оформиле своето високо образование на нашиот Факултет се етаблирани имиња во светот, а дел од нив и професори на престижни универзитети во Европа и во САД.
 
Гледајќи кон иднината, актуелната генерација на кадри на Стоматолошкиот факултет со гордост ги памети основоположниците на Факултетот, со благодарност се сеќава на ценетите професори -наши учители, продолжувајќи да испишува нови страници во архивата на најстарата високообразовна институција во нашата земја.
 
= '''Органи и тела на факултетот''' =
<blockquote>
=== '''Органи на Факултетот се:''' ===
</blockquote>
* Наставно-научен совет
* Декан и
* Деканатска управа.
 
'''Наставно-научниот совет''' на Факултетот е орган на управување и стручен орган. Наставно-научниот совет го сочинуваат редовните и вонредните професори и доцентите вработени на Факултетот, како и претставници кои ги избираат студентите.
 
'''Деканатската управа''' е орган на управување на Факултетот.  Деканатската управа брои 12 члена. и тоа: деканот, продеканите, раководителите на катедрите и претседателот на Факултетското студентско собрание.
 
Деканатската управа ја сочинуваат: деканот, продеканите, еден претставник од студентите кој го избира факултетското студентско собрание и раководителите на катедрите. Во работата на Деканатската управа по покана можат да учествуваат и координаторите на студиските програми, како и раководителите на постојаните и привремените функционално-работни единици, без право на одлучување.
 
Деканатската управа работи на седници. Деканатската управа ја свикува и на седниците претседава деканот.
 
'''Деканот''' е раководен орган на Факултетот. Тој го застапува и го претставува Факултетот во земјата и во странство. Надлежностите на деканот се предвидени во Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје и Статутот на Стоматолошкиот факултет во Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје.
 
На Факултетот се избираат 3 продекани и тоа:
 
* '''Продекан за настава'''
* '''Продекан за наука'''
* '''Продекан за меѓународна соработка'''
 
{| class="wikitable"
|+Деканат
!Функција
!Име и презиме
|-
|Декан
|проф. д-р Ќиро Ивановски
|-
|Продекан за настава
|проф. д-р Мира Јанкуловска
|-
|Продекан за наука
|проф. д-р Силвана Георгиева
|-
|Продекан за меѓународна соработка
|проф. д-р Соња Апостолска
|}
 
 
Наставно-научниот совет формира постојани и повремени работни тела за одделни прашања од неговиот делокруг. На Факултетот како постојани работни тела се формирани следните одбори:
 
* Наставен одбор;
* Научен одбор;
* Кадровски одбор;
* Одбор за специјализации;
* Одбор за меѓународна соработка;
* Библиотечен одбор.
 
Наставно-научниот совет на Факултетот формира '''Етичка комисија''' како стручно-работно тело за медицинско-стоматолошки истражувања.
 
Етичката комисија е стручно тело чија основна цел е да дава мислења за етичка прифатливост на биомедицински и стоматолошки истражувања на луѓе и експериментални животни, во рамки на научно-истражувачката и применувачка дејност на Факултетот.
 
Комисијата е самостојна во своето работење и одлучување. Своето работење комисијата го темели, се придржува и постапува во согласност со позитивните законски прописи на РСМ и легислативата на ЕУ и СЗО.
 
Со етичката комисија раководи претседател.
 
За организирање на вториот циклус студии се формира '''Наставно-научен колегиум на студиска програма за втор циклус на студии.'''
 
За организирање на вториот циклус студии – последипломски студии, за сите студиски програми, се формира наставно-научен колегиум на студиска програма за втор циклус студии (во натамошниот текст: колегиум).
 
Колегиумот има надлежности, права и обврски кои се уредени со актите на Универзитетот и со Статутот на Стоматолошкиот факултет во Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
 
Со колегиумот раководи раководител.
 
За организирање на третиот циклус студии се формира '''Совет за докторски студии.'''
 
Воведувањето на третиот циклус – докторски студии како вистински студии со напуштање на досегашниот начин на стекнување докторат на науки, претставува една од најзначајните реформи во високото образование на Република Северна Македонија, па оттаму, и на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Воспоставениот модел на докторски студии на УКИМ, по примерот на развиените европски универзитети, е прв од ваков вид, не само во државата, туку и на Балканот.
 
Истовремено, концептот за организирање на докторските студии во Школа за докторски студии е една од основните карактеристики на интегративното дејствување на Универзитетот.
 
Докторските студии се организираат и координираат во Школата за докторски студии на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, со активно учество на факултетите и институтите на Универзитетот (во натамошниот текст: Школа за докторски студии).
 
За секоја студиска програма се формира совет на студиската програма. Со советот раководи раководител на студиската програма.
 
Надлежностите на советот се утврдени со правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии – докторски студии на Универзитетот ,,Св Кирил и Методиј” во Скопје.
 
За секоја акредитирана студиска програма за докторски студии на Стоматолошкиот факултет се формира Совет на студиската програма, составен од лица избрани во наставно-научни звања акредитирани во студиската програма. Со студиската програма раководи раководител избран од страна на Советот на студиската програма, кој го потврдува Ректорската управа на Универзитетот.
 
Првиот избран раководител на Студиската програма за докторски студии на Стоматолошкиот факултет во периодот 2011-2015 год., беше проф. д-р Мирјана Поповска. Во периодот 2015-2019 год. со оваа студиска програма продолжи да раководи проф. д-р Владимир Поповски, кој во октомври 2019 година е реизбран на оваа функција, со нов мандат во траење од пет години.
 
 
За да оствари соработка и доверба со јавноста, деловната заедница, професионалните комори и со други институции и здруженија на граѓани од подрачјето во кое ги врши високообразовната дејност и научноистражувачката работа, како и за да оствари јавност и одговорност за вршењето на дејноста од јавен интерес, Факултетот формира факултетски '''Oдбор за соработка и доверба со јавноста'''.
 
Со Одборот раководи претседател.
 
Одборот за соработка и доверба со јавноста брои 5 (пет) члена, и тоа:
 
-2 члена избира Наставно-научниот совет, од наставно-научниот кадар;
 
-1 член – од Собранието на Република Северна Македонија;
 
-1 член – претставник од Стоматолошката комора;
 
-1 член – претставник од Македонското стоматолошко друштво.
 
== '''Внатрешни организациони единици''' ==
 
=== '''Катедри''' ===
 
=== '''Катедра за болести на устата и пародонтот''' ===
'''Наставно-научна и здравствена дејност'''
 
На Катедрата за болести на устата и пародонтот се одвива настава за студентите по дентална медицина, специјализантите, студентите од втор циклус студии и докторандите. Истовремено, Катедрата претставува наставна база за студентите на додипломските студиски програми за стручни забни техничари и стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози.
 
Начинот на изведувањето на теоретската настава на Катедрата за болести на устата и пародонтот во последните дваесет години претрпе измени во позитивна насока. Денес таа се изведува според Европскиот кредит трансфер систем, кој успешно се реализира на Катедрата.
 
Студентите преку различни облици на ангажираност, учествуваат во наставниот час. Тие имаат можност да го креираат часот, да развиваат дискусија на определена тема, со цел што полесно и потемелно да ја совладаат наставната содржина.
 
Денес, Стоматолошкиот факултет, па оттука и Катедрата, располага со современи нагледни средства за изведување на теоретската настава: компјутери, LCD проектори и камери и на тој начин се олеснува совладувањето на содржините од наставната единица, што влијае на интересот на студентите. Практичната клиничка и претклиничка настава по сите предмети се изведува во салите за вежби на Клиниката за болести на устата и пародонтот и во биохемиската лабораторија. На оваа Катедра, студентите од студиската програма по дентална медицина, преку практичната настава по предметот орална хигиена, го остваруваат својот прв контакт со пациентот од стоматолошката практика.
 
Преку претклиничката практична настава студентите ги изучуваат основите на оралната физиологија и биохемија. Преку клиничката практична настава студентите најнапред го остваруваат контактот со пациентот, ги разграничуваат патолошките од физиолошките состојби, ја дефинираат прогнозата на болеста и учествуваат во ординирањето на терапија. Исто така, во рамките на ЕКТС, во практичната настава, студентите се вклучуваат во следење на современите трендови во пародонтологијата и оралната патологија, раната детекција на оралните заболувања, ги изучуваат индикациите и контраиндикациите за примена на ласер-терапијата.
 
Покрај додипломската, долги години наназад, се организира последипломска настава и специјалистичка едукација. На Катедрата за болести на устата и пародонтот се изведува настава и обука за специјалностите од областа на пародонтологијата и оралната патологија, кои произлегоа од поранешната специјализација – болести на устата и пародонтот.
 
Студентите на последипломски и специјалистички студии, покрај сите конзервативни и физикални методи, се едуцираат и за изведување на хируршки третман на пародонталната болест. Студентите од Стоматолошкиот факултет, покрај секојдневните наставни активности, се организатори и учесници на студентски конгреси. Студентските теми кои беа изработени под менторства на наставниот кадар на Катедрата, во 2002, во 2009, во 2013, и во 2018 година беа првонаградени. Една од студентските теми која е работена на Катедрата, на меѓународен конгрес во Словенија, освои две први награди, и од страна на студентите, и од страна на наставниците кои беа во стручната комисија која ги оценуваше темите. Секако, придобивката од учеството на студентите е збогатување на практичните искуства и вовед во научно-истражувачката работа.
 
Од 2002 година, на Стоматолошкиот факултет во Скопје започна реализацијата на додипломски студии за стручни забни техничари и за стручни стоматолошки сестри, во кои Катедрата зема учество во креирањето на студиските програми и реализацијата на наставата.
 
Освен во додипломските, последипломските и специјалистичките студии, Катедрата учествува и во реализацијата на континуираниот едукативен процес на докторите по стоматологија/дентална медицина.
 
'''Наставно-научен, научен и соработнички кадар'''
 
Катедрата за болести на устата и пародонтот брои 11 професори и еден виш научен соработник:
 
* проф. д-р Ќиро Ивановски
* проф. д-р Мирјана Поповска
* проф. д-р Маја Пандилова
* проф. д-р Снежана Пешевска
* проф. д-р Силвана Георгиева
* проф. д-р Анета Атанасовска Стојановска
* проф. д-р Вера Радојкова Николовска
* проф. д-р Катарина Дирјанска
* проф. д-р Емилија Стефановска Левеска
* проф. д-р Стевица Ристоска
* проф. д-р Кристина Митиќ
* Виш. науч. сор. д-р Соња Миндова
 
=== '''Катедра за болести на забите и ендодонтот''' ===
'''Наставно-научна и здравствена дејност'''
 
Наставата на Катедрата за болести на забите и ендодонтот при Стоматолошкиот факултет во Скопје, за студентите по стоматологија, за специјализантите, последипломските и докторските студии, се одвива на истоимената клиника, која ја користи како наставна база. Сместена е на вториот кат од зградата на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар ,,Св. Пантелејмон“ и располага со две современо опремени клинички сали наменети за практична настава на студентите по дентална медицина, опремени со по десет работни единици. Исто така, составен дел на Катедрата се рутинската сала со две работни места и дополнителна просторија за стерилизација. За потребите на практичната претклиничка настава на студентите, постои лабораторија опремена со десет најсовремени фантом – студио модели. Ваквата техничка опременост во потполност ги симулира клиничките услови и овозможува добри предуслови за првично стекнување на практичните вештини на студентите.
 
Од 2002 година на Катедрата се изведуваат и додипломски студии за стручни забни техничари и стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози. Во моментов, наставата на Катедрата, за додипломските студии, се одвива по две наставни програми и тоа: по наставната програма за петгодишно студирање, и наставната програма за интегрирани шестгодишни студии. Теоретската настава подразбира предавања со интерактивно учество на студентите, подготовка и презентирање на одредена тема од страна на студентите на семинари и консултации. На предавањата студентите се запознаваат со проблематиките на предметот, предвидени со наставниот план.
 
Практичната настава на Катедрата за болести на забите и ендодонтот е конципирана во претклинички и клинички вежби. На овие вежби студентите се едуцираат за практичниот начин на дијагностицирање и санирање на заболените тврди забни ткива, како и за принципите на лекување во современата ендодонција. Покрај секојдневните амбулантски интервенции, на овие часови студентите се запознаваат и со современите материјали, техники и методи на работа кои се употребуваат во светот.
 
Во соработка со наставниот кадар, студентите се воведуваат и во научно-истражувачката работа преку изработка на теми од соодветната област кои потоа се презентираат на домашни и меѓународни студентски конгреси.
 
Паралелно со додипломската наставна дејност, на Катедрата за болести на забите и ендодонтот се одвива и последипломска настава, настава на докторски студии, како и едукативна програма за специјализанти од областа ендодонција и реставративна стоматологија.
 
'''Научно-истражувачка дејност'''
 
Научната дејност на Катедрата се одвива како составен дел од нејзината севкупна работа преку изработка на научни трудови, магистерски трудови и докторски дисертации, научно-истражувачки проекти (домашни и меѓународни).
 
Во последните десет години на Катедрата се одбранети 2 магистериуми, пет докторати, а уште три докторати се во фаза на изработка. Исто така, во последните десет години се изработени и два научно-истражувачки проекти, еден домашен со наслов ,,Современи методи за конзервативна санација на деструирани заби“, одобрен од Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, и еден меѓународен, со наслов ,,Корелација помеѓу орална хигиена, pH на плунката и дентален плак во фреквенцијата на кариесот и негова контрола, преку современи превентивни мерки кај различна популација, Македонија и Грција“, финансиран од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
 
Научно-истражувачката работа на оваа Катедра во последните десет години вклучува актуелни теми поврзани со ендодонтската терапија како што е оптурацијата на ендодонтски третираните заби и факторите кои влијаат на нејзиниот квалитет преку испитување на микропропустливоста на дефинитивното полнење во in vivo и in vitro услови. Проширени се научните сознанија за влијанието на озонот и ласерот врз успехот на ендодонтската терапија и улогата на машинската ендодонција во ендодонтскиот третман. Научно-истражувачкиот интерес беше насочен и кон испитување на современи материјали и техники во терапијата на перфорирани коренски канали. Суштински е разработена проблематиката поврзана со патохистолошките промени на пулпното ткиво настанати како резултат на примената на современи материјали за директно прекривање на пулпата.
 
Направени се повеќе испитувања и од областа на денталните материјали. Испитувана е јачината на врската на материјалите за реставрација со тврдите забни ткива и појавата на микропроток при примена на различни атхезивни системи, како и различни техники на апликација (слоевита и bulk) на композитните материјали. Исто така, следејќи ги трендовите во современата стоматологија, се работеше на усовршување на техниките за постигнување на максимална естетика со композитни реставрации, примена на композитни колчиња во конзервативниот третман на ендодонтски лекувани заби со голема коронарна деструкција, како и техниките на примена на најсовремени композитни ламинати.
 
Во годините што се зад нас, низ најразлични форми, Катедрата за болести на забите и ендодонтот соработуваше со сродни факултети од земјите од регионот и пошироко. Ваквата соработка придонесе и сѐ уште придонесува за размена на искуства и надградување на кадрите.
 
Континуираната научно-истражувачка дејност резултираше со публикување на бројни научни трудови кои имаат значаен придонес за развојот на стоматологијата, но и за стручно оспособување на идните стоматолошки кадри.
 
Во изминативе десет години, Катедрата за болести на забите и ендодонтот има издадено учебници, скрипти и монографии кои се користат во реализацијата на предвидените наставни содржини.
 
Во моментов, творечкиот и едукативен потенцијал на Катедрата го сочинуваат пет професори и еден виш научен соработник:
 
* проф. д-р Соња Апостолска
* проф. д-р Лидија Поповска
* проф. д-р Илијана Аџисанкова Муратовска
* проф. д-р Василка Ренџова
* проф. д-р. Марина Ефтимоска
* Виш науч. сор. д-р Павлина Алексова
 
=== '''Катедра за детска и превентивна стоматологија''' ===
'''Просторна и техничка опременост'''
 
Почетоците на Катедрата за детска и превентивна стоматологија датираат од 1959/60 година, во рамките на Стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет, кога практичната настава по овој предмет се одвивала во т.н. „провизориум бр.1“. Со префрлувањето во новоизградениот објект на Стоматолошкиот клинички центар во 1975 година, Катедрата добива нови, современи простории.
 
Со текот на времето, континуирано се подобрува техничката опременост, така што во моментов, Катедрата располага со најсовремени КаVo работни места, поставени во две сали, од кои, во едната има десет работни места, а во другата три работни места, со дополнителна просторија за стерилизација.
 
Салата за општа анестезија е опремена со апарат за општа анестезија DrägerFabius Tiro, дефибрилатор, хируршки аспиратор, како и дневна болница со два кревета.
 
Катедрата располага со современ диоден ласер кој може да се користи за повеќе индикации во детската возраст.
 
'''Едукативна и здравствена дејност'''
 
Неспорен е фактот дека развојот на Катедрата за детска и превентивна стоматологија во текот на овие 60 години, од аспект на стручно-научно напредување и осовременување со нови технолошки-технички и научни дисциплини, постојано оди во нагорна линија.
 
Од самите почетоци на Факултетот, во рамките на додипломските студии, оваа Катедра ја изведуваше практичната и теоретската настава по предметот детска и превентивна стоматологија. Со воведувањето на Европскиот кредит трансфер систем на Стоматолошкиот факултет во 2003 година, се обезбедува можност за пообјективна и потранспарентна евалуација на постигнувањата на студентите. Катедрата за детска и превентивна стоматологија, како составен дел на Стоматолошкиот факултет, го примени овој систем во својата наставна дејност. Со тоа се стандардизираат стекнатите знаења на студентите и се создаваат услови за признавање на студиите во земјите на Европската Унија. Кредитите кои студентите ги обезбедуваат со цел да ги положат испитите, зависат како од волуменот на работа опфатен со еден предмет, така и од неговата корелација со вкупниот волумен на работа потребен за комплетирање на целата студиска година. Во овој контекст, едукацијата е од интерактивен тип, што подразбира организирање на предавања, практична работа, присуство на семинари, изработка на семинарски задачи и слично. Крајниот долгорочен ефект на примената на овој систем е уште поблиска соработка со образовните институции од Европската Унија, со стремеж нашата институција да им овозможи на своите студенти да бидат составен дел од едукативните текови во современите европски општества.
 
Тука, во рамките на едукацијата на студентите на Стоматолошкиот факултет, студентските програми за стручни стоматолошки сестри и за стручни забни техничари, се изведува настава и по предметите: превентивна стоматологија, исхрана и орално здравје, рендгенологија во стоматологијата и забоздравство во заедницата.
 
 
Во рамките на научната дејност, на оваа Катедра се изведуваат последипломски студии и се реализираат докторски дисертации (прилог).
 
Активностите на Катедрата опфаќаат и последипломска едукација на специјализанти од истата област. Во тие рамки, денес, на целата територија на Република Северна Македонија работат 109 специјалисти по детска и превентивна стоматологија, и 8 специјалисти по примарна стоматолошка здравствена заштита, одговорни за спроведувањето на стоматолошката заштита кај децата, кои своето професионално усовршување го завршиле на оваа Катедра.
 
Од 1998 година, во рамките на Катедрата за детска и превентивна стоматологија функционира и Одделот за општа анестезија и реанимација, каде што се третираат, пред сè, дентофобичните и пациентите со посебни потреби. Со тоа, на овие специфични популациони групи им е овозможен адекватен стоматолошки третман, кој претходно им беше недостапен.
 
Во едукацијата на студентите од апликативен аспект, особено внимание се посветува на третманот на децата со трауми, се применуваат најсовремени методи во лекувањето на заболувањата и трауматските повреди на млечните и младите трајни заби, а особено внимание се посветува на згрижувањето на пациентите со системски заболувања. Се изучуваат и имунолошките аспекти при патолошките промени на денталните ткива кај млечните и трајните заби.
 
Специфична вредност во едукацијата на студентите претставува користењето на диодниот ласер. Едукацијата се спроведува со употреба на најсовремени реставративни материјали, а на Катедрата се изведуваат истражувања кои водат кон подобрување на нивните перформанси и биокомпатибилност.
 
'''Научноистражувачка и публицистичка дејност'''
 
Публицистичката дејност е исклучително значаен дел од активноста на Катедрата. Вработените се автори на голем број трудови кои се објавени како во домашни, така и во влијателни странски списанија. Покрај тоа, издадени се повеќе учебници, прирачници и монографии кои се средство во едукацијата на студентите, последипломците и специјализантите (прилог).
 
Вработените на Катедрата за детска и превентивна стоматологија се редовни и активни учесници на домашните, регионалните и светските конгреси во оваа област (FDI, ORCA, IADR, BaSS, EADPH, МСД и др.).
 
Во активностите на вработените се вбројуваат и учествата во повеќе национални (7) и меѓународни проекти (прилог).
 
Во досегашното постоење на Катедрата, искуствата се збогатувани со бројни студиски престои на повеќе реномирани универзитети и институти во странство, меѓу кои, вредно е да се споменат и издвојат факултетите во Њујорк, Хал ин Тирол, Лион, Париз, Лондон, Цирих, Ерфурт, Амстердам, Токио, Бон, Берлин, Антверпен, Солун, Белград, Загреб, Љубљана, Ниш и др.
 
Во изминатите години е остварена соработка со повеќе сродни организации, а од особено значење е континуираната истражувачка релација со University of Greenwich од Велика Британија, каде што се изработени или се во тек на изработка неколку докторски дисертации.
 
Со задоволство може да се констатира дека кадровскиот потенцијал на Катедрата за детска и превентивна стоматологија е со висока стручно-научна подготвеност. Напредувањето на Катедрата се одвива со вонредна динамика следејќи ги сите најнови достигнувања и иновации од оваа област во светот. Сето тоа е во согласност и во рамките на високото образование во земјава кое се стреми да се доближи до барањата и нормите на високото образование во светот.
 
'''Наставно-научен, научен и соработнички кадар'''
 
Во изминатите години, бројот на вработените не се зголемуваше, но постојано се усовршуваше, така што денес, стручно-научниот и едукативниот потенцијал на Катедрата, кој учествува во реализацијата на поливалентната дејност, го сочинуваат пет редовни професори, два вонредни професора и три виши научени соработници и тоа:
 
* проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска
* проф. д-р Мира Јанкуловска
* проф. д-р Марија Стевановиќ
* проф. д-р Златко Георгиев
* проф. д-р Ана Сотировска-Ивковска
* проф. д-р Мери Павлевска
* проф. д-р Александар Димков
* Виш науч. сор. д-р Олга Кокочева-Ивановска
* Виш науч. сор. д-р Весна Амбаркова
* Виш науч. сор. д-р Ефка Жабокова Билбилова
 
=== '''Катедра за максилофацијална хирургија''' ===
'''Просторна и техничка опременост'''
 
Новите простории на Клиниката за максилофацијална хирургија се изградени во 1974 год. Денес, наставата, теоретска и практична, на Катедрата за максилофацијална хирургија се изведува во Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за хирургија на лице, вилици и врат – Максилофацијална хирургија, која од 2019 година го носи името на основоположникот на оваа специјалност во Република Северна Македонија, „Академик Илија Васков“. Клиниката која во моментов е во реконструкција, е сместена во двокатна зграда, со стационар од 16 болнички соби со 36 болнички кревети, амбуланта, операциона сала за интервенции во локална анестезија, оперативен блок со модерна операциона сала за интервенции во општа анестезија и оддел за интензивно лекување.
 
'''Наставно-научна и здравствена дејност'''
 
Tеоретската и практичната настава за студентите по стоматологија Катедрата ја изведува со четири наставни предмети (максилофацијална хирургија, анестезиологија со реанимација, урегентни состојби и третман на пациенти со ризик), со осум наставника од тие наставни предмети и еден асистент, според предвиден наставен план и програма. Воедно, на Катедрата се изведува и настава за специјализанти по максилофацијална хирургија, орална хирургија, ортодонција и за последипломски студии. Катедрата учествува и во едукацијата на сродни специјалистички кадри од областа на медицината и тоа во областите анестезиологија, трауматологија, оториноларингологија, офталмологија и други специјалности. Специјализацијата по максилофацијална хирургија за стоматолози, според сегашните критериуми, трае пет години. Во периодот од 1960 до 2018 година, на Катедрата специјализирале 53 доктори и се стекнале со звањето специјалисти по максилофацијална хирургија.
 
Теоретската настава се изведува во современо опремен амфитеатар. Максилофацијална хирургија е наставен предмет, самостоен, но во рамките на стоматолошките студии во петта и шеста година, а организиран е со теоретско и практично изучување на предметот.
 
Наставниот и помошно-наставниот кадар редовно ја следи стручната литература и современите достигнувања во максилофацијалната хирургија и зема учество со стручни трудови на конгреси, едукативни курсеви, симпозиуми и секции во земјата и во странство, давајќи го својот придонес во научно-стручна смисла. Со свои предавања, на Катедрата престојувале бројни еминентни стручњаци од странство.
 
Катедрата и Клиниката беа организатор и домаќин на Првиот и Вториот македонски конгрес за максилофацијална хирургија со интернационално учество, одржани во Охрид, во 2006 и 2014 година.
 
Кадрите на Катедрата по максилофацијална хирургија се членови на Здружението на максилофацијални хирурзи на Македонија, Европското здружение на краниомаксилофацијални хирурзи и на Лекарската и Стоматолошката комора на Македонија. Катедрата располага со наставен кадар што своето стручно усовршување го спровел во врвни стручни центри надвор од земјата: Љубљана (Словенија), Прага (Чешка), Стокхолм (Шведска), ВМА Белград (Србија), Најмехен (Холандија), Фрајбург (Германија), Гент (Белгија), Загреб (Хрватска) и Ливерпул (Велика Британија), кај еминентни стручњаци како проф. Томан, Мазанек и Фара, проф. Бенгт Шорлов, проф. Шкокљев и Цветиновиќ, Х.П. Фрајхофер, проф. В. Шили и Р. Шмелцхајзен, проф. Жајдела, проф. Веермеж. Стручните престои овозможија пренесување и размена на богатото клиничко искуство и научни достигнувања со цел стручно-научен просперитет на Катедрата во целост.
 
Исто така, во периодот од 2007 до 2014 година, во рамките на Европската асоцијација на краниомаксилофацијални хирурзи (ЕАСМРЅ), беше организиран Интернационален тренинг центар за орална и максилофацијална хирургија на кој беа одржани седум интернационални едукативни курсеви со предавања од странски предавачи – стручњаци од областа на максилофацијалната хирургија.
 
Наставниците на Катедрата се и носечки кадар во рамките на Здружението на максилофацијални хирурзи на Македонија во чии рамки се одржуваат редовни секциски состаноци и постедукативни семинари од областа на максилофацијалната хирургија.
 
'''Научноистражувачка и публицистичка дејност'''
 
Катедрата за максилофацијална хирургија се стреми кон подготовка на кадрите за исцрпна научноистражувачка работа и продлабочување на познавањата од областа на максилофацијалната хирургија. Таа е неделив дел од севкупната дејност на Катедрата. Научноистражувачката работа во периодот од 1989 до 2019 година резултира со голем број докторски дисертации и магистерски трудови.
 
Наставниот кадар на Катедрата за максилофацијална хирургија се раководители и соработници на повеќе научноистражувачки проекти изведени и целосно реализирани на Клиниката за максилофацијална хирургија и во соработка со други институции кои можат да се вклучат и да го дадат својот научен придонес во одредена проблематика. Во периодот од 1989 до 2009 год., одбранети се и објавени резултатите од шест научноистражувачки проекти. Проектите ја обработуваат проблематиката на конгениталните аномалии во лицево-виличната област, превентивно-хируршкото лекување на деформитетите во Република Северна Македонија, клиничко-лабораториските и имунолошките анализи на инфламациите во максилофацијалната регија, темпоромандибуларниот зглоб со дијагностика и терапија, проблематиката на паротидната дијагностика и третманот на траумите во максилофацијалната регија во Северна Македонија. Високите резултати од научноистражувачкиот проект реализиран во соработка со Рендген институтот и Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје, го оформија постоперативниот дијагностички протокол за туморите на плунковните жлезди преку хистопатолошки и радиолошки критериуми.
 
Долгогодишното континуирано усовршување на наставниците од Катедрата за максилофацијална хирургија и неприкосновеното клиничко искуство е преточено во многубројни стручни и научни трудови објавени во нашата земја и во странски списанија. Ентузијазмот за поголеми дострели во научната сфера се гледа во нивната авторска и коавторска дејност преку издавање на повеќе од 10 учебници, два атласа, еден речник и пет монографии.
 
'''Наставно-научен, научен и соработнички кадар'''
 
Катедрата за максилофацијална хирургија ја сочинуваат следните лица избрани во звање и тоа:
 
проф. д-р Александар Грчев
 
проф. д-р Алберто Бенедети
 
проф. д-р Владимир Поповски
 
проф. д-р Даница Поповиќ Моневска
 
Проф. д-р Антонио Кирков
 
Проф. д-р Сузана Божовиќ
 
Доц. д-р Горан Панчевски
 
Асс. д-р Александар Илиев
 
Асс. д-р Санела Идоска
=== '''Катедра за ортодонција''' ===
'''Наставно-научна и здравствена дејност'''
 
На Катедрата за ортодонција се изведува континуиран едукативен процес промовиран и акредитиран од страна на Стоматолошкиот факултет. Од 2003/4 година, според Европскиот кредит трансфер систем, се одвива настава за студентите по дентална медицина, стручни забни техничари и стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози по предметите Ортодонција I, Ортодонција II (задолжителни предмети) и Претхируршки ортодонтски третман (изборен предмет) за студиската програма на прв циклус студии за доктори по дентална медицина, Ортодонција I и Ортодонција II за студиската програма за стручни забни техничари, и Ортодонција (задолжителен предмет) и Медицинска документација (изборен предмет) за студиската програма за стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози.
 
На Катедрата за ортодонција се одвива и настава за специјализанти и студенти на II и III циклус студии. Во рамките на научната дејност на Катедрата, одбранети се голем број магистерски трудови и докторски дисертации.
 
Теоретскиот едукативен процес е организиран преку предавања, интерактивна настава, семинарски работи, факултативни активности и консултации. Практичната настава на Катедрата за ортодонција се изведува преку претклинички и клинички вежби за време на кои студентот се стекнува со одредени практични вештини.
 
'''Наставно-научен, научен и соработнички кадар'''
 
Катедрата за ортодонција ја сочинуваат следните лица избрани во звање и тоа:
 
проф. д-р Лидија Кануркова
 
проф. д-р Габриела Ќурчиева Чучкова
 
проф. д-р Билјана Џипунова
 
проф. д-р Наташа Тошеска Спасова
 
проф. д-р Цветанка Бајрактарова Мишевска
 
доц. д-р Ирена Гавриловиќ
 
науч. сор. д-р Билјана Богдановска
 
науч. сор. д-р Марија Манева Ристовска
 
науч. сор. д-р Јасна Петровска
=== '''Катедра за орална хирургија''' ===
'''Наставна база на Катедрата за орална хирургија (просторна и техничка опременост)'''
 
Катедрата за орална хирургија при Стоматолошкиот факултет во Скопје се наоѓа во рамките на Клиниката за орална хирургија и е сместена на вториот кат од Универзитетскиот стоматолошки клинички центар ,,Св. Пантелејмон“.
 
Практичната настава на Катедрата се изведува во амбуланта со шест работни места, фантом-сала, четири операциони сали и просторија за стерилизација.
 
Операционите сали се опремени со четири нови работни места. Во нив се изведуваат хируршки и имплантолошки интервенции.
 
Просторијата за стерилизација е стратешки позиционирана помеѓу амбулантниот и оперативниот дел на Клиниката. Во неа, покрај стерилизација на инструментариумот се изведува практична претклиничка настава за доктори по дентална медицина и стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози.
 
На Катедрата за орална хирургија одредени мекоткивни интервенции се изведуваат со високоенергетски ласер од генерацијата Fidelis III: NdYAG и ErYAG. Станува збор за претпротетски мекоткивни хируршки интервенции како френулектомии, ексцизии, продлабочување на вестибулум и отстранување на мали бенигни туморозни формации.
 
'''Шеста деценија на Катедрата (2009-2019)'''
 
На Катедрата за орална хирургија се изведува едукативен процес за студенти по дентална медицина, специјализанти, последипломци и докторанди. Истовремено, Катедрата претставува наставна база за студенти на додипломска студиска програма за стручни стоматолошки сестри и стручни забни техничари.
 
Во додипломската настава за студенти по дентална медицина, Катедрата интегрира пет предмети: три задолжителни и два изборни. Задолжителни предмети кои се изучуваат се претклиничка орална хирургија, орална хирургија 1 и орална хирургија 2. Изборни предмети се дентални интервенции кај пациенти со ризик и дентална имплантологија.
 
Наставата ја реализираат три редовни и три вонредни професори, еден виш научен соработник, еден научен соработник и два асистента.
 
Начинот на изведување на наставата е од интерактивен тип, согласно со препораките на Европскиот кредит трансфер систем кој на Катедрата за орална хирургија успешно се спроведува.
 
Студентите преку различен облик на ангажираност учествуваат во изведувањето на наставниот час. Тие можат да ја изразат својата креативност, да иницираат дискусија за одредена проблематика, да изработат семинарска работа за одредена наставна материја и подобро да се запознаат со неа.
 
Практичната клиничка настава по сите предмети се изведува во амбулантантниот сегмент на Клиниката за орална хирургија и имплантологија.
 
Преку клиничката практична настава студентите учат како да воспостават квалитетна реципрочна комуникација со пациентот, да земаат анамнеза и клинички преглед, да диференцираат патолошки од физиолошки состојби, да постават индикација за екстракција, да аплицираат инфилтративна анестезија и да изведат атрауматски некомплицирани екстракции. Во рамките на ЕКТС, низ практичната настава студентите се вклучени во следењето на современите трендови во оралната хирургија и имплантологија. Се запознаваат со современи методи на хируршка терапија на хронични периапикални инфламаторни лезии, хируршка терапија на импактирани и полуимпактирани заби, ортодонтско-хируршки третман на импактирани заби, претпротетска хирургија, примена на дентални графтови и мекоткивни оралнохируршки интервенции. Особено се промовираат и актуелизираат основните и напредните имплантолошки техники.
 
Покрај додипломската настава, на Катедрата долги години се организира последипломска настава и специјалистичка едукација.
 
Студентите на Стоматолошкиот факултет, покрај секојдневните активности, организираат и активно учествуваат на студентски конгреси. Студентските теми се изработуваат под менторство на наставниот и помошниот наставен кадар, стекнувајќи искуство за изработка и презентација на стручна и научно-истражувачка работа.
 
Во 2002 година на Стоматолошкиот факултет во Скопје се воведоа додипломски студии за стручни забни техничари и стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози. Катедрата за орална хирургија учествува во конципирањето и збогатувањето на наставната содржина и во реализацијата на програмата. Со оваа едукација, стручно едуцираните стоматолошки сестри и забни техничари имаат можност да се запознаат со современите трендови од разни области на стоматологијата.
 
Покрај додипломските, последипломските и специјалистичките студии, Катедрата учествува во реализацијата на континуирана едукација, промовирана и акредитирана од Стоматолошкиот факултет и Стоматолошката комора на Македонија.
 
'''Научно-истражувачка и публицистичка дејност'''
 
Научната дејност на Катедрата претставува нераскинлив дел од нејзината севкупна активност. Се изработуваат научни магистерски и докторски трудови, научно-истражувачки проекти и индивидуални или тимски научни и стручни трудови, кои се публикуваат и презентираат на стручни манифестации на Здружението на орални хирурзи при Македонското стоматолошко друштво, домашни и странски конгреси и симпозиуми.
 
Катедрата има унифицирани, автентични, научно потврдени ставови за хируршки терапевтски постапки при акутни одонтогени инфекции и хронични периапикални инфламаторни лезии.
 
Темелно и суштински е разработена проблематиката поврзана со импактираните заби; индикациите за примена на високо софистицирани имиџинг модалитети во дијагностичките и тераписките процедури на импактиранитe заби, како што се компјутеризираната томографија и компјутеризираната томографија со конусен зрак (CBCT).
 
На научна основа се ревидирани клиничките, рендгенолошките, патохистолошките и современите имунолошки аспекти на инфламаторните цисти.
 
Сериозно се работи на полето на коскена аугментација и примена на современи методи на подготовка и апликација на тромбоцитно богата плазма (PRP).
 
Научните истражувања во доменот на хируршкиот третман на хроничните периапикални инфламаторни лезии, резултираа со диференцирање и промовирање на современи хируршки методи и издавање на учебник во 2013 година: ,,Дијагноза и хируршка терапија на периапикалните инфламаторни лезии“ од д-р Марина Кацарска.
 
Проблематиката на алергиски реакции од локалните анестетици и апликативната вредност на in vivo и in vitro алерголошките тестови е иследувана.
 
Темелно е истражено прашањето на континуирана антитромбоцитна терапија во релација со интра и постоперативно крварење кај оралнохируршките интервенции.
 
На научна основа е детерминирано периоперативното однесување на комплемент системот, акутните фазни протеини и цитокините при оралнохируршките интервенции.
 
Направени се сериозни истражувања насочени кон влијанието на коскените маркери во релација со степенот на минерализација на оралнохируршки коскени дефекти кај пациенти со diabetes mellitus.
 
Испитана е можноста за остеоинтеграција на денталните импланти кај пациенти со diabetes mellitus.
 
На Катедрата за орална хирургија се изработени пет научноистражувачки проекти, од кои еден од областа на денталната имплантологија, два од областа на хемостазата, еден кој ја опфаќа проблематиката на периапикалните лезии и уште еден проект кој го обработува проблемот на имунолошката реактивност кај пародонталната болест.
 
Насочувајќи ја научната мисла кон различни аспекти од научноистражувачкото поле во доменот на оралната хирургија, во изминатиот период се објавени бројни публикации со нагласена научна и апликативно-стручна тежина. Со нив се дава несомнено голем придонес во расветлувањето на сѐ уште присутните научни дилеми, а истовремено се проширува хоризонтот на научните сознанија.
 
'''Наставно-научен, научен и соработнички кадар'''
 
Проф. д-р Борис Величковски
 
Проф. д-р Оливер Димитровски
 
Проф. д-р Марина Кацарска
 
Науч. сор. д-р Љуба Симјановска
 
Доц. д-р Гордана Апостолова
 
Ас. д-р Владимир Филиповски
=== '''Катедра за стоматолошка протетика''' ===
'''Наставно-научна и здравствена дејност'''
 
На Катедрата за стоматолошка протетика денес работат искусни, високостручни и едуцирани наставно- научни кадри кои ја водат теоретската и практичната додипломска настава за доктори по дентална медицина, стручни забни техничари и стручни стоматолошки сестри. Од 2016 год., со почетокот на интегрираните шестгодишни студии за прв циклис на студентите по дентална медицина, предвидените програми кои треба да ги совладаат студентите од областа на стоматолошката протетика се предметите: Претклиничка фиксна протетика, Претклиничка мобилна протетика, Клиничка фиксна протетика, Клиничка мобилна протетика, Анатомија и морфологија на вилици и заби, Дентални материјали, Гнатологија, одреден број на часови по предметот Имплантологија, Дентална естетика, Геронтостоматологија. Во последната година од нивните студии Катедрата учествува во изведувањето на предвидената клиничка пракса – ресторативна стоматологија, со едукација на студентите теоретски и практично, користејќи современи клинички дијагностички и терапевтски методи.
 
Катедрата за стоматолошка протетика, користејќи софистицирана опрема и најквалитетни стоматолошки материјали, со својот високостручен наставно-научен кадар учествува во изведувањето на теоретската и практичната настава на студиската програма за стручни забни техничари со следниве предмети: Анатомија и физиологија на џвакалниот систем, Заботехнички апарати и инструменти, Морфологија на заби I, Морфологија на заби II, Технологија на фиксни протези – коронки, Технологија на фиксни протези – мостови, Технологија на заботехнички материјали I, Технологија на заботехнички материјали II, Технологија на мобилни протези – тотални протези, Технологија на мобилни протези – парцијални протези, со одреден број на часови за супраструктурите кај Дентална имплантологија, Биомеханика на џвакален систем, Скелетирана парцијална протеза, Протетичка естетика, Вилично-лицева реконструктивна протетика, Стоматолошка керамика, Геронтостоматологија. Преку изведувањето на практичната настава во заботехничките лаборатории за фиксна и мобилна протетика, како и заботехничката лабораторија со гипс сала, на Стоматолошкиот факултет во Скопје, како и предвидениот стаж што студентите го изведуваат во заботехничките лаборатории за фиксна и мобилна протетика од Клиничкиот стоматолошки центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје, се врши квалитетно и високодиференцирано обучување на студентите од студиската програма за стручни забни техничари.
 
Во студиската програма за стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози, Катедрата за стоматолошка протетика учествува во едуцирањето на студентите со предметите: Стоматолошка протетика, Стоматолошки материјали и Геронтостоматологија.
 
На Катедрата за стоматолошка протетика се одржуваат и наставните единици од предметите: Медицинска етика и психологија за студиската програма доктори по дентална медицина; Медицинска психологија со медицинска етика и Менаџмент во стоматологијата за студиската програма за стручни забни техничари; Медицинска психологија со медицинска етика, Професионализам и тимско работење и Менаџмент во стоматологијата за студиската програма за стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози.
 
Студентите од Стоматолошкиот факултет-Скопје, заедно со наставниците и соработниците од Катедрата за стоматолошка протетика, како ментори, со свои трудови учествуваат на бројни домашни и меѓународни студентски конгреси.
 
Наставно-научниот кадар од Катедрата за стоматолошка протетика при Стоматолошкиот факултет во Скопје има издадено повеќе учебници, скрипти, практикуми, монографии и атласи кои се користат во реализирањето на наставата за методските единици од предметите на Катедрата.
 
Покрај наставната, не изостанува и здравствената дејност која се одвива во рамките на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје каде што заедно со едукаторите се изведува и специјалистичка едукација. Наставниците, соработниците, како и забните техничари, постојано ги усовршуваат своите знаење преку престои во странство, соработка со други факултети, активно и пасивно учество на курсеви, семинари и конгреси.
 
Денес Стоматолошкиот факултет во Скопје заедно со ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје, благодарение на современата опрема и високостручниот кадар, постигнува завидни резултати од областа на здравствениот и образовниот дел на стоматопротетичката терапија.
 
'''Научноистражувачка и применувачка дејност на Катедрата'''
 
Научноистражувачката дејност на вработените на Катедрата за стоматолошка протетика се забележува од бројните научни и стручни трудови со кои учествувале на многу конгреси, собири, стручни и научни манифестации, или ги објавувале во домашни или странски стручни и едукативни гласила.
 
Во последната декада од постоењето на Стоматолошкиот факултет на Катедрата за стоматолошка протетика одбранети се 26 магистерски трудови и 15 докторски дисертации. На Катедрата, за овој десетгодишен период, се реализирани два научни проекта, додека вработените на Катедрата имаат учествувано во реализацијата на уште три научноистражувачки проекти во соработка со други катедри од Стоматолошкиот факултет во Скопје, како и со други организации и институции, обработувајќи соодветна проблематика.
 
Проблематиките кои се предмет на испитување на нашата Катедра се базираат на искуствата од секојдневната пракса, како и следењето на најсовремена светска литература.
 
Интерес на научните испитувања беше дистрибуцијата на оклузалните сили кај парцијалните протези со дистално слободни седла. Истражувањата водеа и кон процена на вредностите на CAD/CAM системот во однос на конвенционалниот начин на изработка на парцијалните скелетирани протези. Од особена важност беше и испитувањето направено за процена на трајноста на суптотална телескоп протеза.
 
Во истражувањата особен интерес предизвика влијанието на површинската обработка на керамичките надградби и нивниот ефект на фрактурната резистентност на ендодонтски третирани заби, како и испитувањата in vitro за процена на јачината на керамичко-цементното поврзување кај целосно керамичките системи.
 
Во фиксната протетика особен предмет на испитување беше безметалната керамика. Истражувањата беа насочени кон процена на механичката отпорност на безметалните коронки во однос на видот на препарацијата на забите во корелација со ferrule effect, како и врската помеѓу цирконијата и порцеланските маси за фасетирање. Не помалку важни беа и испитувањата во врска со цементните маси кои се применуваат во стоматолошката фиксна протетика.
 
Беа направени и истражувања за важноста од носење на ноќни протези при естетско-протетичката рехабилитација кај пациенти со бруксизам.
 
Во секојдневната практика се судираме со предизвици кои нѐ наведуваат кон примена на посовремени методи, следејќи ги светските трендови, во границите на нашите можности. Нашите научноистражувачки насоки водат во правец да се подобри, пред сѐ, функционалноста и естетиката при протетичката рехабилитација на нашите пациенти, при што се наметнува потребата од користење на софистицирани методи и техники, како и користење на современи материјали при изработката на протетичките конструкции.
 
'''Наставно-научен, научен и соработнички кадар'''
 
проф. д-р Весна Коруноска Стевковска
 
проф. д-р Евдокија Јанкуловска
 
проф. д-р Љубен Гугувчевски
 
проф. д-р Никола Гиговски
 
проф. д-р Билјана Капушевска
 
проф. д-р Јадранка Бундевска
 
проф. д-р Гордана Ковачевска
 
проф. д-р Јулијана Николовска
 
проф. д-р Сашо Еленчевски
 
проф. д-р Сања Панчевска
 
доц. д-р Емилија Бајрактарова Ваљакова
 
виш. науч. сор. Сашо Јовановски
 
науч. сор. Анета Мијоска
 
науч. сор. Наташа Ставрева
 
науч. сор. Благоја Даштевски
 
науч. сор. д-р Надица Јанева
 
науч. сор. д-р Марјан Петков
 
науч. сор. д-р Весна Јуруковска Шотаровска
 
асс. д-р Анета Ангеловска
 
=== '''Катедра за имплантологија''' ===
Датумот 28.09.2020 е свечен момент за Стоматолошкиот факултет во Скопје, затоа што беше возобновена Катедрата за имплантологија.
 
Современата дентална имплантологија е стоматолошка дисциплина која се темели на научни принципи за реконструкција и одржување на денталното здравје на пациентите преку надоместување на изгубените заби и нивните потпорни структури со дентални импланти.
 
Целите на Катедрата за имплантологија се имплементирање на нови современи методи на имплант-протетската терапија со кои се овозможува да се биде во чекор со развојот на стоматолошката струка, со прилагодување на европските и светски стандарди од полето на денталната имплантологија. Новите теоретски и практични содржини во наставно-образовниот и научниот процес ќе им овозможат на докторите по дентална медицина на додипломските студии да стекнат базични знаења од областа на денталната имплантологија, додека постдипломските студии, субспецијалистичките студии како и модулите за континуирана едукација по дентална имплантологија ќе им овозможат на докторите по дентална медицина профил на доживотно учење со обновување, дополнување и освежување на веќе стекнатите знаења како и доусовршување во напредните “advance” техники од областа на денталната имплантологија и регенерација на оралните меки и коскени ткива.
 
За раководител на Катедрата за имплантологија е избрана проф. д-р Марија Пеева Петреска.
 
'''Наставно-научен, научен и соработнички кадар''':
 
Проф.д-р Марија Пеева Петреска
 
Проф. д-р Едвард Јанев
 
Проф. д-р Даниела Велеска Стевковска
* [http://www.stomfak.ukim.edu.mk/ Официјално мрежно место на Стоматолошкиот факултет - Скопје]